Црна хроника
Жена изгоре во пожар во Велес, три куќи пеплосани
Жена изгоре во пожар што избувна во понеделник околу полноќ на улица „Ѓоре Органџиев“ во центарот на Велес, две куќи се пеплосани, а огнот зафатил и трета куќа во која изгорела внатрешноста.
Огнот почнал да се шири од една од куќите во горниот и долниот кат. Пожарникарите успеале од долниот кат да извлечат шеснаесетгодишно момче кое имало знаци на труење од чад, но не успеале да ја спасат седумдесет и четиригодишната старица Јелица Б. која се наоѓала на горниот кат.Скалите од куќата се урнале и пожарникарите не успеале да стигнат до жената.Куќата во која избувнал пожарот изгорела целосно, а огнот ја зафатил и соседната куќа, а зафатена е и третата соседна куќа во која имало текстилна работилница. Во неа изгорела целата внатрешност на куќата.При гаснењето на пожарот повредени се три лица кои се обидувале да изнесат боца со CO2 која се наоѓала во една од куќите. Боцата ја изнесувале командирот на противпожарната единица и двајца граѓани кои учествувале во гаснењето на пожарот, но им експлодирала во раце.Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Велес, а полицијата и пожарникарите сè уште се на терен, за да се изврши увид и да се утврдат причините за пожарот./крај/мф
Извор: Фото:Дума
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.