Црна хроника
Жена пронајдена мртва во Трубарево, велешанец го нашол мртов вујкото

Жена била пронајдена мртва во скопското село Трубарево, додека четириесет годишен велешанец го нашол мртов својот вујко.
Во четвртокот попладне во 15.30 часот било пријавено дека во 14.40 часот до факултетско стопанство во Трубарево било пронајдено тело на непознато женско лице на возраст од околу 50-55 години.Смрт е констатирана од доктор од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.Истиот ден вечерта околу 20 часот велешанец пријавил дека во куќа сопственост на неговата тетка, го пронашол починат неговиот вујко Џ.И. (62) од Велес. На местото на настанот увид вршеле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По барање на Јавниот обвинител увидот во 23.10 часот бил прекинат и продолжил денеска. Телото на починатиот е предадено за обдукција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со автомобил возел по пешачка патека во Градскиот парк

По претходно добиени информации дека денеска околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, полицијата презела мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.
Како што информираат од МВР, лицето е веќе пронајдено, односно утврдено е дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.
Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.
Црна хроника
29-годишна жена паднала од зграда во Охрид

Во СВР Охрид, вчера попладне, околу 13.20 часот, било пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д. (29).
Ккао што информираат од МВР, тaa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата работи на расчистување на настанот.
Црна хроника
Малолетник осомничен за тешка кражба, приведен во центарот на Скопје

Вчера во 17.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по Кривичниот законик во објект на ул.„Македонија“.
Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, информира МВР.