Црна хроника
Жител на Лабуниште се здоби со изгореници откако му експлодирале плински боци
Со опекотини по лицето и другите делови од телото се здобил Н.Ф.(58) од струшкото село Лабуништа, при експлозија на плински боци што, тој ги превезувал во патнички автомобил марка „рено трафик“ со италијански регистарски ознаки.
Повредениот, итно бил префрлен во Општата болница во Струга, каде му била пружена неопходна медицинска помош, по што бил пуштен на домашно лекување. Настанот се случил вчера во 17 часот и 40 минути на магистралниот пат Струга-Дебар кај месноста ,,Мороишки мост“, кога од експлозија на плински боци во возачката кабина дошло до опожарување на целиот автомобил, кој се движел по магистралниот пат. Во возилото, сега повредениот Н.Ф. превезувал три плински боци кои претходно ги наполнил со течен гас. Во еден момент, во возачката кабина настанала експлозија на плинска боца од 12 литри при што настанал пожар кој брзо се проширил низ целото возило кое, набрзо целосно изгорело.На местото на настанот интервенираше противпожарната единица од Струга а по овластување на Јавен обвинител, увид изврши полициска екипа од полициската станица во Струга. /крај/мф/ст
Извор: СВР Охрид
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.