Црна хроника
Жител на село Косел лажно пријавил дека му ја ограбиле куќата
Жител на охридското село Косел лажно пријавил дека му ја ограбиле куќата и се правдал дека кражбата ја пријавил намерно за да ги спречи крадците насилно да ограбуваат.
Според неговата пријава, на шести овој месец кога дошол од работа забележал дека дворната врата и катинарот биле скршени, а влезната врата од куќата била насилно отворена. Од спалната соба му биле одземени јамболии, килими, ќебиња, како и една акт чанта во која чувал 10.000 евра. Полицијата утврдила дека таква кражба не се случила и парите не ги поседувал, а објаснувањето на педесет и тригодишниот жител на Косел било дека лажно пријавил за да ги заплаши и да им влее страв на сторителите на кражби од куќи и станови кои користеле насилни методи. Со тоа сакал во иднина да ги спречи во таквите нивни намери, но и да не се случуваат такви кривични дела.Против него е поднесена кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.