Црна хроника
Викендов имало 23 сообраќајки, во кои 17 лица се повредени
Изминативе денови се случиле 23 сообраќајни незгоди, во кои едно лице добило тешки телесни повреди и 17 лица добиле телесни повреди. На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 159 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 61 возач, од кои: 50 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 66 возила бидејќи 62 биле нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни.
Санкционирани се 16 возачи поради поминување крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, пет поради неправилно престројување, 51 возач поради некористење заштитен шлем при управување мотоцикл, 11 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило, двајца возачи поради недвање првенство на минување крстосница и 29 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминативе денови издадени се 206 мандатни платни налози и 139 возила се подигнати со „пајакот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.