Црна хроника
Казнети 127 возачи во Скопје: 14 за користење мобилен телефон при возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (7.2.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон при возење 14 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возење под дејство на алкохол…
МВР соопшти дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.