Црна хроника
Кај жител на Долна Белица пронајдено оружје и 87 парчиња муниција
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Л.(53) од селото Долна Белица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување на деца во Карпош
Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч.С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен ученик во основно училиште во Влае: скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници
Вчера во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.