Црна хроника
Кривична за 74-годишен велешанец поради насилство и тргување со оружје
Секторот за внатрешни работи во Велес поднесе кривична пријава против 74-годишен велешанец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопшти МВР.
Како што наведуваат од полицијата, лицето летово во месец јули во Велес, по претходно настаната вербална расправија и под дејство на алкохол, вперил пиштол „застава“ во калибар 7,62 мм, кој со дозвола го поседувал неговиот зет кон Г.М. упатувајќи му притоа закани за животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.