Црна хроника
Гостиварец со камион уништил инсталација и оставил без струја 100 семејства
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на гостиварското село Вруток, кој оштетил кабел на јавната електрична инсталација поради што настанал прекин на напојувањето со електрична енергија на 100-ина домаќинства во селото Долна Бањица.
Како што информираат од МВР, пријавениот го оштетил кабелот на 8 ноември управувајќи камион за пренос на бетон, во сопственост на фирма.
Со тоа гостиварецот сторил кривично дело уништување или оштетување јавна инсталација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.