Црна хроника
Гостиварци уништиле шума за да изградат пат без дозвола
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против двајца жители од гостиварското село Форино на возраст од 61 и 71 година.
Како што информираат од МВР, во текот на 2017 година второпријавениот, како инвеститор, склучил договор со првопријавениот за правење пат кон селото, без обезбедено одобрение од Јавното претпријатие „Национални шуми“.
По ова, од почетокот на годинава до 31 мај, во атарот на село Форино, на место наречено Форински Извори, на парцели во сопственост на „Национални шуми“, 61-годишникот со работна машина го пробил патот, без потребното одобрение.
Притоа тој оштетил 86 стебла, односно 15,38 кубни метри црн габер.
Со ова пријавените на Јавното претпријатие „Национални шуми“ му нанеле штета од 118.020 денари. Двајцата селани се товарат за сторени кривични дела пустошење шума и помагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.