Црна хроника
Постапка против разбојникот што со пиштол упадна во сендвичарницата „Вили“
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лицето што на 17 јули изврши разбојништво во сендвичарницата „Вили“ во центарот на Скопје, при што со употреба на сила и закана со пиштол нападнал две работнички во сендвичарницата.
Како што информираат од Обвинителството, осомничениот, по доаѓањето во задниот дел на објектот, се доближил до вработените и им се заканил со пиштол барајќи да му ги дадат парите од прометот.
Една од вработените успеала да влезе и да се заклучи во сендвичарницата по што осомничениот продолжил да ѝ се заканува на втората оштетена и ѝ ги одзел паричните средства што во тој момент ги имала кај себе.
Кога не успеал да ја отвори вратата на објектот, осомничениот се оддалечил, испукал еден куршум од пиштолотот и се дал во бегство.
На овој начин осомничениот извршил кривично дело разбојништво за кое надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка.
До Основниот кривичен суд доставен е предлог за определување мерка притвор ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.