Црна хроника
Расправија поради ископ на песок во Сарај заврши со пукање
Вербална расправија поради ископ на песок во Сарај заврши со пукање, но, за среќа, нема повредени. Според информациите од МВР, до инцидентот дошло кога двајца жители на селото Бојане и еден од селото Мала Речица почнале да се расправаат поради ископ на песок од река на парцела што била во сопственост на едното од трите лица.
На местото пристигнале уште двајца, од кои едниот извадил пиштол и почнал да пука, напрво во воздух, а потоа и кон тројцата кои ја почнале караницата, но не ги погодил.
По пукањето тие побегнале, а тројцата побарале лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.