Црна хроника
Ресенчанец приведен поради лажна дојава дека поставил бомби во автобуси за превоз на работници
Управител на фирма за превоз на работници на 28 јуни во СВР Битола пријавил дека преку „Фејсбук“ добил заканувачки пораки дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека истите ќе бидат активирани.
Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи.
Во врска со случајот во СВР Битола бил приведен 43-годишник од ресенското село Болно, поради основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.