Црна хроника
Скопјанец фатен како превезува мигранти – не застанал на полициски знак и удрил во друго возило
Приведен 26-годишен скопјанец, кој е фатен како превезува мигранти од Сирија и Авганистан.
Според информациите од МВР, И. Б. бил фатен на автопат А1 во правец Смоквица – Демир Капија, при што во патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, превезувал шест лица – мигранти од Сирија и Авганистан.
И. Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници не застанал и на местото наречено Црвени Брегови со возилото удрил во патничко моторно возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. К. од Гостивар.
Известен е јавен обвинител. И. Б. е задржан во Полициската станица Неготино и по насока на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б, ст. 2 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.