Daily news
Австралија: Се урна авион со американски војници
Американски воен авион се урна кај источниот брег на Австралија. Во тек е потрага и спасување на маринците.
Воен извор за Фокс њуз изјави дека се спасени 23 од 26 војници кои биле во авионот. Освен четворица членови на екипажот, авионот од типот MV-22-Ospri може да превезува и по 24 маринци.
Базата на авионот била во Окинава, Јапонија а инцидентот се случил во заливот Шолвотер во австралиската сојузна држава Квинсленд.
Извори од американската морнарица изјавиле дека станува збор за несреќен случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
