Daily news
Аеродром: Крадци им влегле во домот додека спиеле
Вооружени крадци провалиле во дом во скопската населба Аеродром, додека домаќините спиеле. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Според информациите на МВР, вчера во 23.20 часот, Д.Ц. (71) од Скопје во полиција пријавила дека двајца непознати сторители извршиле разбојничка кражба во обид во нејзиниот дом на булевар „Јане Сандански“.
„Додека Д.Ц. и нејзиниот сопруг спиеле, сторителите насилно влегле во домот, им се заканиле со пиштол и физички ги нападнале. Откако пријавителката почнала да вика, сторителите си заминале и не одзеле ништо“, соопшти МВР.
Од таму велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
