Контакт

Daily news

Аеродром: Почнува меѓународниот фестивал на комедија „Гола месечина“

Објавено пред

На отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ од денеска почнува меѓународниот фестивал на комедија „Гола месечина“.

Фестивалот ќе се отвори со претставата „Лажговци во неволја“ од Ентони Нилсон, во режија на Здравко Митков, во продукција на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија, Република Бугарија.

За време на фестивалот публиката ќе може да ужива во седум претстави од Македонија и странство.

Сите претстави почнуваат во 21 часот, а влезот за граѓаните е бесплатен.

Меѓународниот фестивал „Гола месечина“ ќе има натпреварувачки карактер, со тричлена жири комисија. Ќе се доделуваат четири парични награди, и тоа награда за најдобра режија, за најдобра машка и за најдобра женска улога, како и гран при за најдобра претстава.

Фестивалот годинава се одржува по четвртипат со што прерасна во традиционална манифестација која континуирано наидува на одличен одѕив кај публиката, која за претставите бара столче повеќе.

Инаку, фестивалот го организира Театар комедија, со финансиска поддршка на Општина Аеродром и Министерството за култура.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Мисајловски: Како НАТО членка нашата амбиција е да бидеме уште поактивно вклучени во европските одбранбени иницијативи

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор...

Црна хроника5 минути

Допирал по телото малолетничка: уапсен 79-годишен скопјанец

Синоќа во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје. Полицијата постапила...

Култура7 минути

Започна шестото издание на Скопскиот поетски фестивал

Со оддавање почит на поетот Тихомир Јанчовски и читање песни во негова чест, синоќа во 20:00 часот во Младинскиот културен...

Црна хроника11 минути

Ги претепал сопругата и малолетната ќерка: семејно насилство во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(31) од Гостивар. Тој се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија14 минути

Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365 дена

За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”. ,,Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците...

Свет26 минути

Заложничка драма во банка во Германија: хеликоптери над градот

Заложничката криза се одвива утрово во германскиот град Зинциг, во филијала на банката „Фолксбанк“, каде што се распоредени специјални полициски...

Македонија30 минути

Утре во Скопје: „Нож и виљушка на европска чинија“ – целодневен гастрономско-музички настан во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00...

Економија31 минута

Славески: Инфлацијата ќе бележи натамошна постепена, но побавна стабилизација

Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите...

Спорт32 минути

Кејн мала предност во финалето му дава на ПСЖ

По два спектакуларни натпревари, Баерн Минхен беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите. Актуелните шампиони, играчите на ПСЖ беа...