Контакт

Daily news

Алаѓозовски на меѓународна конференција во Мастрихт

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Од 20 до 22 април Роберт Алаѓозовски од СДСМ учествува на меѓународната конференција, „Културата меѓу параграфите“, којашто се одржува во Мастрихт, Холандија, во рамките на одбележувањето на дваесет и петгодишнината од Договорот во Мастрихт.

„Овој договор има историско значење за културната политика на европско ниво, затоа што на вредноста и значењето на културата за првпат им беше посветен посебен член. Фамозниот член 128 (подоцна 151) послужи како правна основа за сите подоцнежни интервенции на Европската Унија во културата, вклучително и создавањето на специјалните програми за финансиска поддршка на културата.

Организатор на конференцијата е европската мрежа на менаџери во културата Оракл со седиште во Брисел. Културната мрежа Оракл обединува преку 500 културни работници и менаџери од цела Европа и европското соседство.

Фокус на мрежата е меѓународната соработка и критичкото преиспитување на културните политики. Роберт Алаѓозовски учествува во панелот посветен на надворешните културни врски на Унијата, регионалните перспективи, новите заедници и идентитети во културата.

Културата поседува моќ и за обединување и за поделба долго пред Европа да ги направи првите чекори кон создавањето на Европската Унија. Нејзиното значење беше препознаено во Договорот од Мастрихт, кој го призна потенцијалот на културата да го зајакне европскиот идентитет, да го промовира заедничкото наследство, притоа заштитувајќи ја различноста на европските култури.

Од 1992 година, многу работи се променија и во европската реалност и во културните стратегии на ЕУ. Додека интеграцијата започна оптимистички, со економскиот развој и воведување на еврото, новата солидарност веднаш се најде под притисок на серија економски, идеолошки и политички кризи. “Генерацијата Мастрихт”, младите луѓе родени во 1992 година, ги користат програмите Еразмус и Рајанер, но се соочуваат и со политиките на штедење и огромна невработеност кај младите.

Креаторите на културните политики се чини дека следат еден вознемирувачки тренд: од култура што има симболична вредност поттикнувајќи ја интеграцијата и европското граѓанство во култура претворена во сектор вклучен во обезбедувањето раст на стратегијата 2020 на Унијата. Уметниците и културните работници треба да придонесат за развојот на „паметна, одржлива и инклузивна економија”.

Уште кога ЕУ почна со формулирање на својата културна политика, поддршката за еманципаторските и социо-критичките практики се намалува. Сепак, културната соработка во Европа денес е попотребна од кога било. Миграциите и бегалската криза, засилувањето на границите и Брексит нагласуваат дека обединета Европа е работа во тек и бара културните професионалци да дејствуваат смело, промовирајќи ја културата како сила во европската политика, која има потенцијал да ги зајакне вредностите на човековото достоинство, слободата, еднаквоста и да ги помогне европските интеграции„ се вели во информацијата за учеството на Роберт Алаѓозовски од СДСМ на меѓународната конференција, „Културата меѓу параграфите“, којашто се одржува во Мастрихт, Холандија.Крај/мф/кс

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Захарова: Ако Србија влезе во ЕУ, ќе мора да се бори за националниот идентитет

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова рече дека Србија ќе мора да се бори за својот...

Македонија5 минути

ОН ја повика Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница

Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во извештајот за Бугарија препорачува таа...

Македонија47 минути

Душан Миљуш од “Јутарњи лист”: Не контактиравме лично со градоначалникот туку со неговиот кабинет, пред директорката бришевме фотографии

По реакциите во јавноста за посетата на „Јутарњи лист“ во училиштето каде учеше убиената Вања Ѓорчевска, „Макфакс“ побара одговори од...

Свет2 часа

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва...

Македонија3 часа

Обдукцискиот наод за Вања се уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, велат оттаму. Од обвинителството...

Македонија3 часа

СДСМ: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин; ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин, вели СДСМ. „Како што информираше...

Свет3 часа

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш...

Македонија3 часа

Маричиќ: Мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија

Во честитката по повод денешниот празник, заменик претеседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува на клучниот постулат...

Македонија3 часа

Битиќи: Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во својата објава на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права...

Македонија3 часа

Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да се бориме против дискриминацијата, насилството и неправдата

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права напиша дека „и...

Топ4 часа

Пешак го загуби животот откако бил прегазен на улица во Нов Дојран

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов...

Економија4 часа

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со колегите од Софија и Баку денеска во Ниш ја пуштија во употреба гасната...

Македонија6 часа

Герасимовски: Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања....

Македонија6 часа

Нови шокантни детали од Ковачки: „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа...

Македонија8 часа

Скандал: директорката на училиштето каде учеше Вања избркала хрватски новинари – „Избришете ги сите фотографии!“

Директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, училиштето каде што учеше Вања, не им дозволила на хрватски репортери да фотографираат и ги...

Свет8 часа

(Видео) Сите очи вперени кон Аргентина: денеска инаугурацијата на Мајли, пристигна и Зеленски

ВО ГЛАВНИОТ град на Аргентина, Буенос Аирес, се е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Мајли, човекот кој...

Свет9 часа

Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува...

Свет9 часа

„Ова е ментална болест!“ – Ердоган ѝ удри шлаканица на Америка, па постави прашање на кое цел свет чека одговор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи говорот за човекови права за да го обвини Западот за „варварство“ поради неговиот...

Свет9 часа

(Фото) Од птичја перспектива: еве каде живеат Палестинците додека траат борбите меѓу Израел и Хамас

Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа биле принудени да ги напуштат своите домови, често неколкупати, откако Израел им нареди...

Свет9 часа

„Животот му е во опасност“ – ни трага, ни глас од најголемиот непријател на Путин

Поддржувачите на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални велат дека немаат контакт со него веќе три дена. Претседателката на неговата...