Daily news
Амбасадорите на Шведска, Холандија и Словенија: нема потреба од нови избори
Скопје 25.04.2017 (Макфакс) Амбасадорите на Кралството Швeдска, Кралството Холандија и на Република Словенија согласни дека изборите во декември биле коректни и фер и дека имаат чист резултат, кој, како што рекоа, можеби предизвикал мал политички земјотрес. Од таа причина, тие сметаат дека нема потреба од организирање нови парламентарни избори туку е потребно да се имплементираат разултатите од веќе одржаните.
Амбасадорите се согласни дека нови избори само би ја пролонгирале политичката криза во Македонија, која и така предолго трае. Тие сметаат дека треба што побргу да се организираат локалните избори бидејќи, како што велат, тоа е добро за економијата на земјата.крај/мф/дм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
