Контакт

Daily news

Амбасадорката на САД во ОБСЕ бара одговорност за нападот на Парламентот

Објавено пред

 

Амбасадорката на САД во ОБСЕ, Кејт Бирнс, ги осуди насилничките напади врз пратениците по изборот на Талат Џафери за претседател на Парламентот, најавувајќи дека Вашингтон ќе работи со него за да и даде поддршка на демократијата и за да и помогне на Македонија да се придвижи напред на европски пат.

 

„Во демократскиот процес нема место за насилство. Изразуваме најдлабоко сочувство до членовите на Парламентот и до сите оние што беа повредени во нападот, како и до нивните семејства. САД ги повикуваат властите на Република Македонија да преземат чекори за да се осигура безбедноста на сите членови на Парламентот, за да се испитаат темелно нападите и за да се повикаат на одговорност извршителите кои, организирано или по наредба, ги извршиле овие акти на насилство“, изјави амбасадорката во Виена.

 

Таа ги поздрави напорите на австриското претседателство за решавање на ситуацијата во Македонија, најавувајќи посета неделава на висок преставник на ОБСЕ на земјата.

 

„Како стратешки партнер и пријател на Македонија, со целосно почитување на суверенитетот и единство, САД ги повикуваат сите страни да ги стават интересите на Македонија и нејзините граѓани над сè друго, да работат конструктивно и целосно да ги спроведат сите обврски според договорот од Пржино. Ги повикуваме сите страни да ги решат разликите на мирен начин и да ги почитуваат законите и демократските процеси во Македонија“, изјави амбасадорката.

 

Според неа, решавањето на политичката криза може да дојде само преку почитување на законите и на волјата на македонскиот народ, слободно изразена преку демократски процеси, вклучувајќи ги и резултатите од изборите во декември лани.крај/мф

Chat Conversation End. крај/мф/кс

Најново

Забава28 минути

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија38 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника1 час

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија1 час

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија1 час

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија2 часа

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт2 часа

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет2 часа

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...