Контакт

Daily news

„Американско катче“ во Центар

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со американскиот амбасадор Џес Бејли  отворија „Американското катче” во Центар, односно простор кој располага со богат библиотечен фонд, со современа литература од областа на економијата, менаџментот, културата и правото.

 

Тука младите и студентите ќе може да се информираат за студентски размени и стипендии за студирање во САД. Предвидено е да се одржуваат и бесплатни обуки, предавања на експерти од САД и да се организираат различни културни настани.

 

„Ова е трето катче кое САД го отвораат во Република Македонија и ова е ‘трета среќа’ за уште поголемо пријателство и соработка. Се надевам дека ова ќе биде ваше место. Досега, од 17 до 20.000 посетители секоја година ги посетуваа Американските катчиња. Очекуваме и повеќе“, рече амбасадорот Бејли.

 

Жерновски, поздравувајќи ги амбасадорот и присутните, рече дека денешниот настан и отворањето на „Американското катче“ на територијата на општина Центар го покажува партнерскиот однос меѓу САД и Македонија.

 

„Од овој момент, ова ќе биде простор на граѓаните кои добиваат низа бенефиции, како што е пристап до сериозен библиотечен фонд. Очекувам најмногу да биде посетена од младите, кои сакаат да научат за образовниот процес во САД  и да се запознаат со можностите за добивање стипендии во САД“, рече Жерновски.

 

Инаку, Американското катче се наоѓа во катната гаража „Судска палата“. Ќе биде отворено преку неделата од 10:00-20:00 часот и сабота 10:00-14:00 часот./крај/мф/гд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет3 минути

Руте: Сојузниците на Украина немаат друг избор освен да ја зголемат поддршката во војната против Русија

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен да ја зголемат својата поддршка за таа земја во нејзината борба против Русија,...

Култура15 минути

Битолскиот театар со „Едмонд“ гостува на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Театарска сезона Народниот театар Битола ја започна со богат репертоар, а следуваат и гостувања по реномирани фестивали. Првото од нив...

Свет23 минути

„Политико“: Идејата на Калас за експертска група за одбрана пропадна пред да се формира групата

Плановите на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, за формирање експертска група за одбрана на ЕУ пропаднаа откако Италија...

Свет41 минута

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника1 час

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет2 часа

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија2 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија3 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...