Контакт

Daily news

АРМ ќе ги гасне пожарите

Објавено пред

Владата на синоќешната седница расправаше за пожарот во Македонски Брод и други локации во земјата, при што го задолжи Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи, во состав: Оливер Спасовски, министер за внатршни работи, Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Радмила Шекеринска, министер за одбрана, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Мила Царовска, министер за труд и социјална политика, Агрон Буџаку, претседател на ЦУК, како и претставници на АРМ, претставник од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, претставник од ЈП „Македонски шуми“ и УХМР, да донесат итни заклучоци и мерки за засилено дејствување на сите надлежни институции, како и единиците на локалната самоуправа во насока на справување со сите активни пожари на територијата на Република Македонија.

Донесена е одлука Министерството за внатрешни работи да го зголеми присуството на терен во сите засегнати подрачја, ЈП „Македонски шуми“ непрекинато да ја информира Дирекцијата за заштита и спасување за сите новонастанати состојби на терен и соодветно на развојот на настаните на терен, да продолжи континуирано гаснење и локализација на активните пожари, како и овозможување услови за дејствување на АРМ, која  е активно вклучена на теренот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет7 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет8 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија9 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...