Контакт

Daily news

Ахмети нема да оди на лидерска средба, повикува на смиреност

Објавено пред

 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека нема да одат на лидерската средба што ја закажа претседателот Иванов бидејќи, како што рече, Иванов е дел од проблемот, а не од решението и изрази осуда на состојбите во државата.

Ахмети, кој изјавата ја даде во седиштетото на ДУИ во тетовска Мала Речица пред да започне состанокот на Централното претседателство на партијата, повика на смиреност бидејќи, како што рече, станува збор за политички проблем што треба да го решат политичарите, а не граѓаните.

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, посочи дека околу евентуалното одење на лидерската средба можеби ќе се разговара и на состанокот на претседателството, а ги повика сите институции да реагираат превентивно, а не откако ќе се случат настаните како синоќа со упадот на граѓаните во Собранието, што претставува срам и за институциите, но и за граѓаните на државата.

Одговарајќи на прашање дали очекуваат следната седница на Собранието да ја води Талат Џафери, таа рече дека Собранието има нов претседател и тој се вика Талат Џафери, кој е избран со мнозинство гласови во регуларна седница. крај/мф/гд

Најново

Забава3 минути

Малите кујни можат да изгледаат луксузно: Овие трикови целосно го менуваат просторот

Мала кујна денес повеќе не значи откажување од убавината, стилот или атмосферата. Дизајнерите на ентериер исто така имаат мали трикови...

Македонија17 минути

На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Култура28 минути

„Кајмак“ на Милчо Манчевски, „Поетроника“ и „Ова не е американски филм“ на Скопско лето

Театарската претстава „Сина сенка“ на Независен театар Златен Елец, која требаше да се одржи денес (15.07.2026г. – среда) со почеток...

Култура32 минути

Изложба „Архитектура на невидливото“ од македонскиот уметник Страхил М. Петровски во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 16 јули (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се отвори изложбата „Архитектура...

Култура34 минути

Театар „Златен Елец“ на летни фестивали на Балканот

Во петок (17.7) во склоп на манифестацијата „Скопско лето“ во Лабораториум во Скопје ќе се одигра претставата „Сина сенка“ од...

Спорт34 минути

Ибрахимовиќ го издвои херојот на Шпанија: Ги пали играчите околу себе и гаси пожари

По закрепнувањето од сериозната повреда на предниот лигамент пред речиси две години, шпанскиот играч од средниот ред Родри ја води...

Спорт41 минута

Англија или Аргентина, Шпанија чека во финалето

Англија и Аргентина вечерва во Атланта ќе го одиграа второто полуфинале на 23-то Светско првенство. Мечот во финалето веќе избори...

Забава51 минута

Игор Џамбазов слави роденден: „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63“

Нашиот најпознат и најуспешен шоумен, Игор Џамбазов, денеска слави роденден. Тој сподели објава на Инстаграм и вели дека следна цел...

Култура1 час

„Самец во бракот“ од Мир-Јам објавена на македонски јазик

„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на...