Контакт

Daily news

„Бадникови поворки”: Родителите писмено се согласија децата да учествуваат во верските поворки

Објавено пред

Здружението за возобновување на православни традиции „Бадникови поворки” реагира на изјавата на Драги Змијанац од Првата детска амбасада „Меѓаши” дека е направена „политичка злоупотреба на деца преку верски традиции од страна на актуелната власт”.

dobivaj vesti na viber

„Организирањето на манифестацијата „Бадникови поворки” е чисто граѓанска иницијатива во која не се инволвирани ниту институциите на државата ниту црквата.  Зад целосната организација на настанот кој возобновува древна православна традиција на прослава на Бадник и Божик со пеење божикни песни, а возобнувањето на ваквата традиција не започнува оваа година, туку трае веќе неколку години наназад. За секое вклучено дете во настанот, Здружението поседува Изјава за согласност од родител со што сите ваши сомнежи за каква било злоупотреба се неосновани“, се наведува восоопштението.

Тие наведуваат дека во последниот месец од подготовките за големиот народниот настан, членовите на здружението упатиле писма до градоначалниците во кои ги замолиле на 6 јануари, како татковци на општината, да ги отворат вратите за коледарчињата од својата општина кои ќе учествуваат во создавањето на најголемата коледарска дружина во православниот свет. „Тоа што тие одговорија позитивно на нашата желба да ги посетиме, можеме да го оцениме само и единствено како одговорно однесување на првите луѓе на општината кон жителите на својата општина. Жалиме што неосновано, без никаков аргумент, одлучивте, на прв ден Божик, кој за нас е еден од најголемите и најрадосните празници, да се обидете да внесете немир меѓу нас православните христијани кои имаме потполно право да ги носиме нашите деца во православните храмови. Ние сме нивни родители и старатели и знаеме што е најдобро во подигањето и развојот на нашите деца, имаме право да ги учиме на нашата традиција на која можеме да се гордееме и да им укажеме дека не ни се неопходни Халовин и слични увезени традиции за да празнуваме во радост и веселие. Впрочем како што и нагласува Универзалната декларација за човекови права: „родителите или старателите на детето имаат право да го организираат семејниот живот во согласност со нивната религија или уверувања…” Или како што се вели во членот 18 од Конвенцијата за правата на детето дека „за се’ што се презема за детето и во негов интерес, одговорноста ја имаат родителите“. Затоа, би било далеку пополезно во овој празничен период, наместо на неосновани обвинувања, сите заеднички да се посветиме на разубавување на животот на децата кои навистина се злоупотребувани, занемарени и оставени сами на себе“, се додава во реакцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

МВР за апсењата во Врапчиште: Лицата пружале отпор на полицијата која им наредила да ја напуштат општината

Министерството за внатрешни работи се огласи за денешните апсења на двајца жители на Врапшчите кои инститираа на средба со градоначалникот,...

Македонија15 минути

Полицијата приведе две лица кои сакаа да биде обновена црквата Света Петка во Врапчиште

Полицијата приведе две лица кои инсистирале да се сретнат со градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани, по прекинот на работата...

Македонија11 часа

Најрано во јануари Јаневска очекува образовни асистенти и во средните училишта, неделава ќе се комплетираат во основните училишта

Проблемот со образовните асистенти за деца со попреченост во основните училишта ќе биде надминат до крајот на неделава откога родителите...

Македонија11 часа

Фирми земале субвенции а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделското земјиште: Трипуновски за скандалите од времето на Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави дека од денеска започнува со објавување на сите сомнителни случаи и...

Топ11 часа

Невистини се информациите за изградба на верски објект во Гостиварско, нема наредба за приведување лице

Јавното обвинителство реагира по повод најавите на социјалните мрежи дека наводно се апсат луѓе што градат верски објект во Гостиварско....

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Молк од Филипче и по неколку дена од објавувањето на информациите дека криел имот, надлежните веднаш да реагираат

Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се...

Македонија13 часа

СДСМ: Неисправните „ер трактори“ и полициските хеликоптери се резултат на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ велат дека навистина е голема среќа што заврна дожд и што ќе ги изгасне пожарите. Инаку моменталната ситуација...

Македонија13 часа

„Влен“: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри

Од „Влен“ со потсетување дека изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни...

Македонија13 часа

Владата обезбедува по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрацијата

Иако претходната влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда...

Македонија14 часа

Нема активни пожари во државата: дождот помогна во нивното гаснење

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор. Дождот помогна сите 22 пожари да бидат изгаснати,...

Свет14 часа

Ким Џонг-ун: Го зголемуваме нуклеарниот арсенал за да се бориме против САД и нивните сојузници

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја експоненцијално ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал за да биде подготвена да...

Македонија1 ден

Македонски туристи блокирани во близина на Химара: ги спасила полицијата

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата, објавија тамошните медиуми. На жената која се...

Македонија1 ден

Активни пет пожари во државата, шест се под контрола

Во текот на денешниот ден 09.09.2024 година, до 13:30 часот, имало вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни...

Топ1 ден

Ја нападнал со остар предмет и сакал да ја силува: осомничен 28-годишен штипјанец

Вчера во 17.00 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 02 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом...

Топ1 ден

Без дозвола вршеле сеча и дотур на дрва: лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради...

Македонија1 ден

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“ – Мицкоски нема капацитет за лидерство, велат од СДСМ

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Зошто Филипче не ги пријавил петте стана во Скопје, уште кога станал министер, ДКСК да отвори предмет

СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години...

Топ1 ден

Загина кумановец: со мотоцикл излетал од патот

Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во...

Свет1 ден

(Видео) Се урна мост, возила паднаа во река: се зголемува бројот на жртви поради тајфунот „Јаги“

Обилните дождови продолжија во северниот дел на Виетнам откако тајфунот „Јаги“ ја погоди таа земја, кој предизвика лизгање на земјиштето,...

Свет2 дена

Захарова: „Русија веќе победи“

Одбивањето на повеќето земји да ја поддржат антируската линија и имплементацијата на најсложените механизми за одржување на стабилност претставуваат победа...