Контакт

Daily news

Бектеши: Домашните компании ќе ја имаат поддршката од Владата

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска одржа работна средба со делегација на Стопанската комора на Северозападна Македонија предводена од претседателот Неби Хоџа.

На состанокот министерот Бектеши беше информиран за активностите на Комората, која дејствува веќе 11 години, за предизвиците и проектите на компаниите, членки на оваа комора.

Министерот Бектеши ги истакна мерките и проектите кои се преземени од страна на Министерството за економија и Владата во насока на подобрување на бизнис климата во земјата, додавајќи дека домашните компании ќе ја имаат поддршката од владата.

На средбата се разговараше за конкретни мерки кои ќе се преземат за уште посилна соработка меѓу Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Министерството за економија и изнаоѓање модалитети за подобра бизнис клима за домашните компании.

За време на разговорите се нагласи потребата за изнаоѓање начини за полесен пристап на компаниите до државни средства, како форма на поттик за поголеми инвестиции.

Министерот Бектеши изрази целосна подготвеност и посветеност за поддршка на бизнис заедницата, ветувајќи и институционална поддршка за нивните иницијативи за подобар економски развој. /макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава8 минути

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е...

Македонија10 минути

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Забава19 минути

Една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот се закотви во Дубровник

Импресивната суперјахта „Дип блу“ се закотви пред Дубровник, откако претходно беше видена во водите на Мљет, пишува „Дубровачки дневник“. Станува...

Македонија36 минути

Со Клинички центар во близина на обиколницата, може да привлекуваме пациенти и од соседните држави, рече Мицкоски и најави почеток на активностите в година

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се...

Македонија40 минути

Почна доградбата на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром

Во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров, денеска беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство...

Црна хроника43 минути

Тешко повреден работник на аеродромот во Охрид, паднал од кров

Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот работник паднал и се здобил со тешки повреди. Според...

Македонија46 минути

(Видео) Бојковска: „Роамингот како дома“ станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој...

Македонија50 минути

(Видео) СДСМ: Брисел бара измени на Законот за Судски совет

Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за...

Македонија50 минути

Хоџа: Одржливото управување со водите е дел од европската агенда

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија...