Daily news
(ВИДЕО) Билјана Секуловска-Габар: Во Скопје намаме канализација, но имаме бронза
Носителот на советничката листа од СДСМ, за Град Скопје, Билјана Секуловска-Габар вели дека на 16 октомври ќе се направи промена во Собранието на град Скопје за градот. Исполнувањето на целите е клучната работа на која таа ќе се посвети.
“Нема да има сечење на паркови со полициски специјалци, ниту ноќни седници, бидејќи овој град ќе биде услужен, а самите треба да научиме да се организираме и да си ги решаваме проблемите сами! Ако градоначалникот доаѓа да ни ги отпушува цевките, тогаш, службите не ги извршуваат своите работи. Наместо по кафеаните да се бавиме со политика, ајде сите заедно да бидеме креатори на политиките од нашиот град”, вели Секуловска-Габар.
Според неa, хигиената и комуниланите прашања мора да бидат затворени и заборавени еднаш засекогаш, додавајќи дека Скопје има премногу неасфалтирани улици без канализација, а има бронза. Секолувска вели дека е тажно да се чуствуваш странец во сопствениот град.
“Секој од нас му припаѓа на некој дел од Скопје. Мора да ги вратиме имињата на улиците”, рече Секуловска-Габар.
Таа вели дека престојувала во многу градови низ светот, а во Македонија, учствувала во многу невладени организации. Селуловска-Габар кажа дека во советот има Mакедонци, Aлбанци, шарени, Tурци, кои ќе бидат иницијатори на многу градски активности, но и контролор за се.
Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
