Контакт

Daily news

Бит-фест: Одбележан светскиот ден за борба против хепатитот

Објавено пред

Со серија промотивни, едукативни и хуманитарни активности кои вчеравечер финишираа со голем музички хепенинг, во рамките на Битолското културно лето, беше одбележан Светскиот ден за борба против хепатитот.

„Започнавме со крводарителска акција и бесплатно теситирање за хепатит. На музичкиот хепенинг гостуваа познатите „Конги“ од Битола, ДЈ, K – денс студио од Скопје кои изведуваа латино перформанси, како и Acid Triple – жонглери – забавувачи со огнови. На овој начин, сакаме да постигнеме намалување на стигмата и поголемо информирање на целата популација во Битола, но и во Република Македонија. Морам да поздравам дека, еве веќе петта година, општината, клиничка болница, центарот за јавно здравје и други институции од јавниот и приватниот сектор се вклучени и сакаат да помогнат во овој дел. Низ ваквата едукација, преку културни активности, како и навремен скрининг се овозможува спасување на многу човечки животи и заштеда на многу средства, затоа што, наместо да се изврши една трансплантација би се заштедиле средства за лекување на 30 до 40 пациенти“, вели Милан Мишковиќ од здружението „Хепар-центар“ – Битола.

Хепар центарот, едукативната кампања ја реализира веќе еден месец под мотото „Покажете го вашето лице“, а поддршка и годинава добива од повеќе јавни личности, меѓу кои: од групата „Нокаут“ за време на нивниот роденденски концерт во Хераклеа на БИТ ФЕСТ, како и од Биба Додева, Кире Лазаров, Катерина Ивановска, Митко С.Апостоловска, Виолета Томовска, Влатко Илиевски и за првпат во ваква кампања се вклучува Гаро Тавитјан.

Активностите кои се реализираа во рамките на вчерашната програма се во организација на „Хепар“ центарот од Битола и се дел од БИТ ФЕСТ 2017 година.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јакимовски: Не им се плашиме

Ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот...

Македонија2 часа

(Видео) Како Јакимовски им овозможувал на фирми да добиваат државно земјиште по багателни цени

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски  легализирале бараки...

Свет3 часа

(Видео) Моќен говор на премиерката на Нов Зеланд: Никогаш нема да го изговорам името на терористот кој уби 50 луѓе

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во својот прв говор во националниот парламент по терористичкиот напад што се случи во...

Македонија3 часа

(Видео) Таксистите до Шилегов: Тргнете ги дивите таксисти, доста ни го јадат лебот

Нелиценцирани возила без таксиметри, преполни такси-станици од нелегални таксисти, непријавени такси-возачи, лебот на таксистите им го земаат пензионирани полицајци, пожарникари...

Свет5 часа

Уапсени уште две лица за нападот во Утрехт

Холандската полиција уапси уште две лица за нападот во трамвајот во Утрехт, во кој беа убиени три, а повредени пет...

Крвав четврток5 часа

Семејствата на притворените за 27 април со гаранции се жалат кај народниот правобранител

Семејствата на осудените и притворени со гаранција ќе поднесат претставка до Народниот бранител затоа што при активна гаранција им бил...

Македонија6 часа

Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора

Пожарот што вчера попладнето избувна на Скопска Црна Гора, кај местото викано Влаин Гроб, во село Матејче, утринава е локализиран,...

Европа7 часа

Сите жртви во Утрехт се државјани на Холандија

Сите три жртви во нападот што се случи вчера во Утрехт се Холанѓани, соопшти холандското Министерство за внатрешни работи. „Министерството...

Македонија17 часа

(Видео) Власта и опозицијата без договор за СЈО

Петчасовната работна средба во Министерството за правда на која се разгледуваа амандманите на опозициската ВМРО – ДПМНЕ за Законот за...

Свет21 час

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ23 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија24 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет1 ден

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет1 ден

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија1 ден

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија1 ден

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ1 ден

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет1 ден

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион1 ден

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Досие