Daily news
БМВ од лето со нови предни светла
Актуелниот БМВ М3 првпат е редизајниран во 2015 година, а во второто освежување доби само предни светла по примерот на светлата кои по редизајнирањето ги има моделот М4. Се друго останува исто.
Првите примероци на освежениот модел М3, макар ни се чинело дека нивото на освежување во овој случај не е вредно да се спомне, во продажните салони на БМВ треба да се појават во август, а М3 во „фаза 2” сега има куќишта на предни LED светла кои во неодамнешното освежување ги доби моделот М4.
Промена во внатрешноста на автомобилот нема, а ги нема ни на моторот. БМВ М3 и понатаму го покренува 3-литарски 6-цилиндричен битурбо мотор со 431 КС. На дополнителни 19 КС можат да сметаат купувачи кои ќе се одлучат за опцискиот Competition пакет со кој М3 е во комбинација со 7-степен автоматски менувач со две квачила од 0 до 100 км на час стигнува за 4 секунди. Со 450 КС и пакетот М Driver максималната брзина на автомобилот е 289 км на час. Покрај силниот мотор, Competition пакетот вклучува рекалибрирана адаптивна суспензија, ексклузивни 20-инчни фелги, нов издувен систем и полесни спортски предни седишта. БМВ наскоро треба да ја претстави уште посилната верзија М3 CS./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
