Контакт

Daily news

Богов: Домашното задолжување не е опасно

Објавено пред

„Македонија има можност за солиден инвестициски рејтинг во наредниот период, за разлика од изминатата година кога имаше политичката криза и таа негативно влијаеше на економските параметри“, рече гувернерот Димитар Богов при презентирањето на годишниот извештај на Народната банка во Собранието.

„Економската ситација е добра, но, сепак, не е идеална. Она од што се плашат инвеститорите е политичката неизвесност и неизвесноста околу евроинтеграциите. Доколку се стабилизираат овие два параметри, во наредните две до три години може да имаме значајно раздвижување на економијата во однос на инвестициите и граѓаните ќе можат да го почувствуваат бенефитот од нив“, рече гувернерот Богов.

Тој додава дека токму поради кризата, Македонија ќе ја заокружи 2107 година  со економски раст од 2,5 проценти, наспроти проектираните 3,2. И во оваа пригода Богов рече дека јавниот долг не е алармантен, а државата се вбројува во ниско задолжени земји во регионот.

„Надворешниот долг според параметрите на Народната банка е 35% од БДП. Остатокот од вкупниот долг од 46% отпаѓа на домашниот долг, кој го пресметува Министерството за финансии. Сметам дека задолжувањето кај домашните банки не е опасно. Банките се стабилни и ликвидни. Би му советувал на Министерството за финансии да продолжи со оваа пракса“, рече Богов.

Пратеникот од редовите на СДСМ упати критика до гувернерот Димитар Богов, кој  во досегашниот мандат молчеливо се однесувал кон политиките на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

„Гувернере Богов, сметам дека можевте со Ваша интервенција, погласно зборување да влијаете на одредени одлуки. Бевте молчеливи кога се издаваше еврообврзницата,  за субвенционирањето на инвестициите во ТИРЗ зоните, за јавниот долг.“

Богов ги отфрли обвинувањата и рече дека секогаш бил јасен и транспарентен и предупредувал за последниците од економското опкружување.

„Еврообврзницата не ја издава гувернерот, тоа е владина одлука, се носи политички. Ако Владата реши да се задолжи, ќе се задолжи. Сега, доколку одлучи да прави фискална консолидација, но и тоа е нејзина одлука и се прави со проектирање на буџетот. Сум бил дел од тие роуд-шоуа затоа што присуството на гувернерот е со цел да даде попрецизни информации на инвеститорите кои ги бараат и не може да ги најдат за држава како Македонија. Инвестициите во последните години го зголемија процентот на извоз. Педесет отсто од извозот се должи токму на овие инвестиции“, појасни Богов.

Богов рече дека нема точна информација за вкупните загуби од минатогодишното шпекулирање за девалвација на денарот во однос на еврото, но информираше дека граѓаните изгубиле околу 4 милиони евра на камати при конвертирање од денари во евра.

Гувернерот ги предупреди граѓаните да бидат внимателни и со тргување со крипто валутите.Тој рече дека биткоионот е реален, но поради анонимност при плаќање може да биде искористен за криминал и перење пари.

Габриела Д. Мишевска

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт9 минути

Силекс и Шкендија утре ќе се борат за трофејот во Купот

Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во...

Македонија19 минути

Муцунски на затворањето на македонското претседателство со AII/EUSAIR: „Напредокот од ова претседателство покажа дека кога дејствуваме заедно, можеме да испорачаме резултати“

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа...

Црна хроника20 минути

Косовски државјанин „летал“ со 203 километри на час кај Смоквица

Полицијата уапси косовски државјанин кој возел со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на...

Култура22 минути

Вивалдијада 2026 – фестивал за млади музички таленти во Националната опера и балет

Петтото издание на фестивалот за млади таленти „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година во Националната опера...

Свет26 минути

Мерц: Не очекуваме Кина да ѝ го сврти грбот на Русија

Германија внимателно ја следи посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина, но во Берлин не очекуваат дека тоа ќе...

Македонија27 минути

(Видео) Филипче: Во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е...

Македонија32 минути

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, денеска, оствари средба со д-р Аким Али, претставник...

Македонија34 минути

ВМРО слави туѓи победи, слават Ден на Европа, а се против ЕУ, велат од СДСМ

Според СДСМ, ВМРО-OКГ, како што велат, продолжува со своето тотално лицемерие. „Слават Ден на Европа, а се против ЕУ. Прават...

Македонија35 минути

Началникот на Генералштабот учествуваше на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат...