Daily news
Борис Џонсон: Ако САД побараат поддршка за напад на Сирија, нема да ги одбиеме
Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон вели дека нему и на неговата земја ќе им биде многу тешко да ги одбијат САД доколку побараат поддршка во уште еден воен напад на Сирија, пренесува БиБиСи.
Тоа не мора да значи дека пратениците ќе гласаат за било каква предложена заедничка акција, нагласува Џонсон. По нападот што САД го извршија со крстосувачки ракети врз воздухопловната база Шајрат, поради наводниот напад со хемиско оружје на градот Идлиб, Џонсон го осуди режимот на претседателот Башар ал Асад, потенцирајќи дека Асад убил цивили со оружје кое е забрането пред 100 години.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
