Контакт

Daily news

Бостон врати уште еден брејк, Вестбрук руши рекорди (Видео)

Објавено пред

Бостон го врати двојниот брејк и израмни во четвртфиналната серија на Истокот, против Чикаго на 2-2, идентичен е резултатот во серијата на Западот помеѓу Јута и ЛА Клиперс, додека Хјустон води против Оклахома 3-1, иако во четвртиот меч Расел Вестбрук имаше уште едно блескаво издание и забележа трипл-дабл за едно полувреме.

Бостон лошо ја почна серијата против Чикаго, со два порази на домашен терен, но успеа да врати со иста мерка, со две гостински победи и да го израмни резултатот на 2-2.

Селтикс, изминатата ноќ, победија во Чикаго 104:95, благодарение на Ајзеа Томас, кој на почетокот на серијата доживеа семејна трагедија, откако неговата помлада сестра загина во сообраќајна несреќа.

Бостон уште на стартот на натпреварот стигна до предност од 20 поени, Чикаго се обиде да се врати во мечот во третиот период со серијата 12:0, но Бостон го одби налетот на ривалот и без проблеми забележа победа.

Ајзеа беше најефикасен кај Селтикси со 33 поени, а на спротивната страна идентичен број на кошеви постигна Џими Батлер.

Натпреварот број 5 се игра на 27.април во Бостон, шестата два дена подоцна во Чикаго, а евентуалниот седми меч е закажан за 1.мај на теренот во Бостон.

https://www.youtube.com/watch?v=O2h07xVl_UE

Оклахома не успеа да ја забележи втората победа во дуелот со Хјустон иако Расел Вестбрук одигра уште еден неверојатен меч. Вестбрук забележа трипл-дабл уште во првиот дел (17 поени и 10 скокови и асистенции), а мечот го заврши со 35 поени и по 14 скокови и асистенции. Плејмејкерот на Оклахома е вториот играч во историјата на НБА лигата кој на три последовни натпревари во плеј офот запишал двоцифрени бројки во три различни статистички категории. Претходно тоа му успеало само на Оскар Робертсон во далечната 1967 година.

Хјустон победи во Оклахома 113:109, откако во финишот на третата четвртина ја надополни негативата од 14 поени. До предност 3-1 во серијата Хјустон го предводеше Нене Иларио со 28 поени и 10 скокови.

Јута го доби четвртиот натпревар во серијата со ЛА Клиперс и израмни на 2-2. Јута, со повратникот Руди Гобер, славеше 105:98. Францускиот репрезентативец забележа двоен ефект од 15 поени и 13 скокови, но клуч за триумфот на Јута беше придонесот на играчите од клупата кои постигнаа 66 поени. Клиперси ги предводеа Крис Пол со 28 поени, 12 асистенции и 9 скокови, односно Џамал Крофорд со 27 поени. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет6 минути

(Видео) Пожар во повеќекатница во Кина: загинаа 14 луѓе

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна вчера во повеќекатна зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска...

Свет11 минути

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан: преживеал благодарение на „Ел Нињо“

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија....

Забава16 минути

(Фото/Видео) Во „море од голотија“, таа е вистинско освежување во светот на модата

Шведскиот модел Елса Хоск им се придружи на дамите со беспрекорен стил на еден голем настан во Лос Анџелес. Нејзината...

Спорт17 минути

Гоф „преживеа“ против Пегула, блескаво деби на Носкова

Коко Гоф и Линда Носкова го отворија Завршниот ВТА мастерс, во Индијан Велс со победи, откако славеа над Џесика Пегула...

Македонија24 минути

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски“, прашува СДСМ

„Во Србија има стечај за Алта банка, уапсен е сопственикот Мацура, има истрага, сомнителен капитал, сомнежи за 380 милиони евра....

Македонија27 минути

„СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот...

Забава28 минути

(Видео) Јован Јованов и Тони Зен го промовираа спотот за „Уште ми требаш“

Десет дена промоцијата на песната „Уште ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен го објавија и официјалниот спот за својот...

Забава32 минути

(Фото/Видео) Нејзиното деколте ни овој пат не разочара

Софија Вергара примени свој препознатлив стил за да постигне беспрекорен изглед, уште еднаш оправдувајќи ја титулата „кралица на раскошното деколте“....

Забава35 минути

Ладен, суров и директни: Ова е најсуровиот хороскопски знак

На прв поглед, тие делуваат ладно, прибрано и речиси недопирливо, но зад таа надворешност се крие темперамент каков што многумина...