Daily news
Бременоста предизвикува промени во структурата и големината на делови од женскиот мозок
Бременоста влијае на значителни промени во структурата и големината на одредено делови од мозокот кај жените, коишто можат да траат и цели две години по породувањето, а се чини оти се важни бидејќи ги подготвуваат мајките за задачите коишто им ги носи мајчинството, покажа неодамна спроведено истражување на холандски научници од коешто резултатите се објавени во стручното списание Nature Neurosciences.
Кај мајките со најизразени промени во текот на тестирањето било евидентирано повисоко ниво на емоционална поврзаност со своите бебиња, отколку кај ените во чиишто мозоци споменатите промени биле помали.
„Ова проучување првпат ни овозможува увид во тоа на кој начин бременоста влијае на структурата на сивата маса во човечкиот мозок“, вели водителот на истражувањето професорката на холандскиот Универзитет Лејден, Елзелине Хоекзема.
Иако не е во потполност јасно поради што доаѓа до ваквите промени во структурата на делови од мозокот, можно е тие да им помагаат на жените во подготовката за социјалните задачи на мајчинството, сметаат научниците.
За потребите на студијата научниците, пред и по породувањето ги скенирале мозоците на 25 жени коишто родиле првпат за да ги откријат структуралните промени кои во сивата маса од нивниот мозок ги предизвикува бременоста. Во тестирањето учествувале и 19 мажи кои станеле татковци по првпат, и 17 мажи без деца и 20 жени кои никогаш не родиле.
Во однос на другите учесници во студијата, кај жените кои првпат станале мајки забележан е значително губење на сивата маса во деловите од мозокот поврзани со „теоријата на умот“, односно способноста за припишувањето на менталните состојби, како што се намерите, желбите, верувањата, себеси и на другите.
Кога на жените коишто првпат станале мајки научниците им ги покажале фотографиите на нивните бебиња, забележале посилна активност во деловите од мозокот коишто ги изменила бременоста отколку додека гледале фотографии од други бебиња. Речиси сите измени на масата можеле да се видат по скенирањето и две години по породувањето на жената, со исклучок на делумното обновување на сивата маса во хипокампусот, дел од мозокот задолжен за помнењето.
Освен што студијата е спроведена на мал број испитанички, нејзината ограниченост се состои во тоа што не донела информација за тоа кога и зошто се случуваат промените кај жените кои првпат стануваат мајки. Останува нејасно и дали промените во деловите на мозокот ги предизвикуваат деветмесечната бременост, повеќечасовното породување или првите денови и седмици на поврзувањето на мајката и новороденчето, истакнува во коментарот за Reuters др Ребека Сакс, невронаучник од американски институт за технологија која не учествувала во студијата.
И покрај недостатоците, резултатите од ова истражување ќе придонесат за низа досега непознати факти за промените кои се случуваат во мозокот на жените за време на бременоста и родителската, смета др Мел Ратефорд, психолог од универзитетот МекМастер во Охајо.
Заклучоците на авторите на студијата, пака, упатуваат на тоа дека наведените промени се случуваат за да се подготват мајките за социјалните задачи што ги носи нивното мајчинство, и оти можат многу да укажат за квалитетот на односите меѓу мајките и новороденчињата по породувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
