Контакт

Daily news

Ван Баален, претседател на АЛДЕ, ги осуди синоќешните случувања во Собранието

Објавено пред

 

 „Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во македонскиот парламент, веднаш по изборот на новиот претседател на Собранието со поддршка на мнозинството од демократски избраните пратеници.

 

Вакви чинови на насилство во Парламентот се целосно неприфатливи и со огромно жалење гледав додека демократски избраните народни претставници – пратениците, особено нивните лидери, Зоран Заев и коалицискиот партнер Зијадин Села, беа таргетирани и повредени во хаосот.

 

Токму ваквите акти на насилство ја загрозуваат македонската стабилност и унитарност. Порачувам да се намалат тензиите, да има смиреност и рационалност.

Поминаа веќе четири месеци откако македонските гласачи беа на гласачките места, но, за жал, тие сѐ уште чекаат на формирањето на нивниот Парламент и Влада, кои свесно беа опструирани од убедувањата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за тоа дека тие сѐ уште се на власт, без оглед на формирањето на мнозинската коалиција од страна на СДСМ.

Ја повикувам и ЕПП (Европската народна партија), во која членува и ВМРО-ДПМНЕ, да ги направат сите можни напори за нивната партија членка и нејзиниот лидер, Груевски, да престанат со промовирање насилни демонстрации и да прифатат дека демократијата мора да си оди по својот пат.

Веќе разговарав со нашите либерал-демократски пријатели во Македонија и со нивниот лидер, пратеникот Горан Милевски, кој и самиот беше цел на напади и насилство во парламентот, со цел да ја изразам мојата солидарност и уште еднаш да ја повторам нашата поддршка во нивните континуирани напори за враќање на демократијата во Македонија“, се вели во реакцијата Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи во Европа) крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет8 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет9 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија10 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...