Daily news
Венецуела: Пресметка на банди во затвор, 12 загинати
Најмалку 12 лица се убиени, а 11 се повредени во судир на ривалски банди во еден затвор во источниот дел на Венецуела, соопшти владата на оваа земја.
Според портпаролот на надлежното министерство, од починатите деветмина биле застрелани со огнено оружје.
Тој дополнил дека в затворот се спроведува акција за разоружување на затворениците, но и дека „таму сеуште има оружје и затвореници кои повикуваат на бунт“.
Судирите во затворот, во Барселона, град кој се наоѓа во источниот на Венецуела, започнале во вторникот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
