Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Богоев: Пресудата за поранешниот телохранител на Груевски е скандалозна

Објавено пред

Скандалозна e пресудата со која поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко, е осуден на условна казна за сообраќајна несреќа со смртни последици за едно младо момче, изјави Стефан Богоев, претседател на Социјалдемократска младина на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Според него, пресудата е уште еден доказ дека поданиците на поранешниот режим сè уште се привилегирани и се над законот.

„Очигледно е дека сваровски-судиите сè уште работат во одбрана на криминалот и злоделата на поранешниот режим. Одлуката за условна казна за сторител на тешко дело против безбедноста во сообраќајот со смртни последици на младо момче докажува дека е потребна итна професионализација и ослободување на судскиот систем“, смета Богоев.

Токму затоа, рече тој, неопходно е итно спроведување на започнатите реформи во судството за никогаш повеќе да не се повторат вакви скандалозни случаи каде што поединци ќе бидат над законите само затоа што се блиски до една или друга политичка партија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија8 часа

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа12 часа

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија12 часа

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија13 часа

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија14 часа

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија17 часа

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија18 часа

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија18 часа

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет18 часа

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет19 часа

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...

Македонија19 часа

Град Скопје со нов јавен повик за линиите 20 и 22, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави јавен повик кој треба да биде објавен денеска, а се однесува на линиите од...

Македонија20 часа

Продолжуваат блокадите во Скопје, хаос во сообраќајот

Трет ден по ред хаос во Скопје поради блокадите од страна на приватните превозници. Блокирани се неколку клучни крстосници во...

Регион1 ден

Вучиќ од Тирана: Подобро да се биде на масата отколку на менито

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана, изјави дека...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство што првпат ваков самит на сите...

Македонија2 дена

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија....

Македонија2 дена

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави...

Македонија2 дена

Пенов за блокадите во Скопје: Ова е самоволие, граѓаните трпат преголема штета

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги...

Свет2 дена

Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов нема шанси за разговори со САД

Од Кремљ пристигна одговор на коментарите на американските претставници, во кои Русија тврди дека е потребен фер и долгорочен мир,...

Регион2 дена

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан повторно оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана истакна дека напредокот повторно е...