Контакт

Daily news

(Видео) Владиката Петар: Не се луксузираме, младите возат поскапи возила од нас

Објавено пред

Ниту се луксузираме ниту возиме скапи џипови, тврди митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар. Тој во кусо интевју за „Макфакс“ вели дека не се основани обвинувањата во јавноста оти свештениците живеат на висока нога, а додава дека возниот парк со кој располага неговата епархија не чини повеќе од 10 илјади евра. Тој обвинувањата ги оцени како злонамерни потенцирајќи дека има деца што возат многу поскапи и полуксузни возила од оние со кои располагаат владиците и другите свештени лица. Според владиката Петар, свештеник може да се луксузира доколку има други приходи освен од МПЦ или, пак, располага со наследство оставено од родителите.

„Денеска е јасно како ден дека млади луѓе што имаат ни по 20 години возат далеку полуксузни возила од оние што ги возат свештените лица и од оние што епархиите ги поседуваат. Јас мислам дека ниеден свештеник не ја злоупотребува положбата што ја има. Треба да се разбере дека денеска може да земете возило, кое навидум е луксузно, а тоа да е поволно, кое чини 2-3 илјади евра, за разлика од друго возило, кое ќе биде ново, ама ќе е петпати поскапо од тоа. Честопати сме кажувале дека имаме две возила, едното е „ауди 4“, а другото „ауди 6“. Едното возило е старо 19 години и него сме го чувале и сме внимавале на него за сè уште да биде во употреба. Другото е старо 8 години. Нашиот возен парк не чини повеќе од 7-8 илјади евра. Оние што прават пропаганда дека возен парк од 7-8 илјади евра или 10 илјади евра е луксуз, мислам дека е безобразлак бидејќи немаат аргументи. Свештениците исто така не се во таквка состојба во каква што се претставуваат пред јавноста – дека се многу богати и бараат луксуз. Можно е тоа некој да го прави, но ако има дополнителни средства од друга страна или евентуално наследство од родителите. За епархијата каде што сум јас надлежен, можам да кажам дека нашите свештеници прават добри дела со денации. Надоместокот што треба да го примаат за извршување на своите црковни активности тие сега го донираат во фондот за трето дете. Оние што во јавноста шират дека ние се луксузираме, ако не пред овдешниот суд, ќе одговараат пред божјиот, особено за онаму каде нема никакви причини тоа да се говори“, вели владиката Петар.

Комнтирајќи за протестите во Атина, поврзани со спорот за името на Македонија и поддршката што демонстрантите ја имаа од Грчката православна црква, владиката Петар вели дека сето тоа е непримерно. Според него, кога ќе се чујат сите извици од протестите, каде што беше извикувано „Македонија е грчка“, не треба ни да се коментира за тоа.

„Сметам дека тоа не е добро, најмалку во такви игри да се заплетка црквата. Ние имаме целосно право како народ и црква да го штитиме она што е наше, а наше е овој дел од Македонија, кој е така именуван“, додава владиката Петар.

Во врска со тоа кој ќе биде ставот Српската православна црква, која традиционално одржува добри односи со Грчката православна црква, владиката Петар вели дека не може да се тврди што ќе се случува понатаму имајќи ги предвид сите случувања на политичката сцена.

„Секој од нас треба да води сметка и грижа на кое ниво се наоѓа. Треба да внимаваме дали го запазуваме имиџот на црквата. За СПЦ, ние секогаш сме биле Македонска православна црква, а за понатаму ќе видиме“, вели митрополит преспанско-пелагониски, г. Петар.

Прашан до каде е инцијативата Бугарската православна црква да стане мајка на Македонската православна црква, г. Петар вели дека за тоа е демоде да се коментира додавајќи дека не очекуваат да не биде оспорено или проблематично, исто како што не очекуваат услови во врска со прашањето на независноста на МПЦ.

К. Ландов

Daily news

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

Објавено пред

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.

Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, изјавил Коѕијас.

Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.

– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Daily news

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Објавено пред

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Поповски: Немам алтернативна држава, не размислувам за бегство

Немам алтернативна држава, не размислувам да бегам, рече Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во МВР, откако судот го осуди на 9...

Македонија52 минути

(Видео) Ѓоко Поповски осуден на 9 години затвор за незаконска набавка на возила во МВР

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на 9 години затворска казна за случајот „Триста“ за незаконска набавка на...

Македонија2 часа

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news3 часа

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава4 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести4 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија5 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија23 часа

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија1 ден

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија1 ден

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет1 ден

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија2 дена

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија2 дена

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија2 дена

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија2 дена

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Досие