Контакт

Daily news

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Зоран Заев го урниса здравствениот систем

Објавено пред

Владата на Зоран Заев го урниса здравствениот систем. Доказ се секојдневните скандали што се случуваат и кои, за жал, пациентите и граѓаните ги плаќаат со сопственото здравје и живот, рече Драги Јовевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Според информации што не се потврдени, во последните 10 дена на Гинеколошко-акушерската клиника се случиле неколку смртни случаи на новороденчиња, случаи за кои било строго забрането да се информираат медиумите. Со цел да ја разрешиме оваа тензија што владее кај граѓаните и кај пациентките на ГАК, отворено ги прашуваме министерот за здравство, Венко Филипче, и директорката на ГАК, инаку семејна пријателка на Заеви, колку смртни случаи на новороденчиња се случиле, а за кои не била информирана јавноста? Кои се причините за тоа? Дали е пронајдена опасната бактерија МРСА во креветчињата на новороденчињата и, конечно, дали некој ќе преземе одговорност? Прашуваме дали воопшто нешто се презема за овие случаи?“, прашува Јовевски.

Хаосот за здравството, додаде тој, е резултат на непрофесионалното раководење во ова Министерство за што говорат постојаните поплаки на пациентите, кои дури ризикуваат да бидат приведувани или исфрлани со обезбедување само затоа што се пожалиле на услугата.

„Граѓаните на дело гледаат колку СДСМ не се грижи за нивното здравје. СДСМ и Заев со месеци не именуваа министер за здравство поради коалициски комбинаторики. Секој ден слушаме за недостиг на лекови, смртни случаи од невнимание и слични семејни и лични трагедии. Тие ветуваа унапредување, а на дело се гледа урнисување и импровизација на здравствената услуга, дури и во највисоките здравствени установи како што се клиниките во клиничкиот центар во Скопје“, рече Јовевски.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Димитров: Северна Македонија е генетски поврзана со Србија и Русија

Проблемот со европската интеграција на Северна Македонија не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки...

Свет4 часа

Украинскиот премиер ја објави штетата што Украина ја претрпела од почетокот на војната

Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави дека руската инвазија на неговата земја уништила повеќе од 25.000 километри патишта, неколку стотици мостови...

Македонија6 часа

ЦУК апелира на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои во текот на викендот

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните...

Свет9 часа

(Видео) Русите повторно тестираа „Циркон“

Русија успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот прелетал околу 1.000...

Македонија11 час

Руската црква: Му благодариме на Бога што ја прекина долгогодишната раздвоеност меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква

Светиот синод на Руската православна црква (РПЦ) го поздрави враќањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во единство со Српската...

Македонија13 часа

Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба...

Топ13 часа

Веднаш откако бил осуден за семејно насилство, скопјанец ја нападнал поранешната сопруга во близина на судот

На паркинг во близина на кривичниот суд, скопјанец физички ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга веднаш откако бил осуден за...

Свет13 часа

Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини. „Донбас ќе...

Свет14 часа

„Си-ен-ен“: Вашингтон ќе вклучи ракетни системи со долг дострел во испораките на оружје за Украина

Вашингтон има намера да вклучи ракетни системи со долг дострел во вооружената помош за Украина, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на...

Свет15 часа

Украина негира дека во нејзина нуклерна централа биле пронајдени големи количества на плутониум

Украинскиот нуклеарен инспекторат ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија дека подлегнала на руската пропаганда и побара поддршка за барањето...

Македонија1 ден

Притвор за осомничените за продажба на парцели за “ЕВН електрани”

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение...

Регион1 ден

Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот...

Свет1 ден

Русија тврди: Американската војска ослободи мајмунски сипаници од своите лаборатории

Мајмунската сипаница е увезена од Нигерија, каде што работат најмалку четири американски биолошки лаборатории, изјави Игор Кирилов, началник на силите...

Европа1 ден

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија1 ден

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет1 ден

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија1 ден

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија1 ден

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион1 ден

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет1 ден

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...