Контакт

Daily news

(Видео) Куп Либертадорес: Гремио и Барселона први полуфиналисти

Објавено пред

Фудбалерите на Гремио (Бразил) и Барселона СЦ (Еквадор) изборија пласман во полуфиналето во Купот Ливертадорес, јужноамериканскиот пандан на Лига на шампионите.

Гремио по 0:0 во првиот четвртфинален меч против бразилскиот ривал Ботафого во реваншот успеа да победи со минимален резултат 1:0 и првпат по 2007 година да избори пласман меѓу четирите најдобри тима во Купот Либертадорес.

Решавачки за пласман во полуфиналето на Гремио беше голот на Лукас Бариос во 63. минута.

Гремио во својата историја двапати го освојувал ова натпреварување, во 1983 и во 1995 година.

Барселона приреди големо изненадување бидејќи по 1:1 на домашен терен, во реваншот успеа да слави, го совлада Сантос во Сао Пауло со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Алварез во 68. минута.

Во простанатите два четвртфинални дуела реваншите треба да ги одиграат Ривер Плата и Вилстерман (0:3), односно Сан Лоренцо и Ланус (2:0).

Купот Либертадорес во претходните две сезони го освојуваше Атлетико Насионал од Колумбија. н.ц.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од...

Свет30 минути

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од...

Македонија58 минути

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот...

Економија1 час

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди,...

Македонија1 час

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт...

Македонија1 час

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и...

Свет1 час

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Кремљ денес го повтори тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е речиси завршена, откако украинскиот претседател...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и...

Македонија2 часа

Противпожарната бригада од Скопје доби ново возило како донација

Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во...