Daily news
(Видео) Легенда: Буфон стана европски рекордер
Пред 19 години и 11 месеци легендата на европскиот и светскиот фудбал, Џиџи Буфон, го имаше своето деби за репрезентацијата на Италија, а вечерва против Шпанија тој стана Европеец со најмногу настапи за националниот тим.
Буфон за Италија дебитираше со неполни 20 години (19 години и 9 месеци), во Русија, во баражот за пласман на Мундијалот во Франција.
Со неколку извонредни одбрани тој и помогна на Италија да се пласира на СП, натпреварот заврши 1:1, а Буфон го совлада неговиот соиграч Фабио Канваро.
СП во Франција беше првото од петте на кои настапи Буфон, а во 2006 година со Италија ја освои титулата.
Против Шпанија Буфон 170 пат го брани голот на Италија, што е рекорд во европски рамки. Светски рекордер е Ахмед Хасан од Египет со 185 натпревари. н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
