Контакт

Daily news

(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд

Објавено пред

Македонската православна црква (МПЦ) и Федерацијата на планинарски спортови бијат битка за сопственоста на планинарскиот дом на Матка. МПЦ најавува дека се подготвува со извршител да си го преземе објектот, а Федерацијата, пак, истовремено ја комплетира тужбата со која на суд ќе се обиде да се избори за сопственоста на домот. И едните и другите велат дека имаат ексклузивно право на домот, а реално објектот во целост сега го користи приватник со ресторан и хотел и за тоа плаќа месечен надомест од 1000 евра. Парите по пола ги делат спелеолошкото друштво „Пеони“  и Федерацијата на планинарски спортови. Тие се само дел од Гордиевиот јазол во кој е врзан домот и целиот кањон Матка каде што се преплетени и МПЦ, Град Скопје, Катастарот, Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, Министерствата за животна средина и за култура, како и судовите во кои од 2012 се водат постапки за утврдување на сопственоста.

По шестгодишен лавиринт низ судовите и институциите, Федерацијата на планинарски спортови одлучи јавно да проговори за проблемот со планинарскиот дом на Матка. Ја обвини црквата дека по седум децении користење на домот, сака насилно да им го земе, запишувајќи го како свој имот во Катастарот во сомнителна постапка. За обвинувањата Федерацијата покажа и низа документи кои биле основа и за судските постапки. Тие се обидуваат да докажат дека домот, имот на државата, треба да им припадне нив, а не на црквата, која веќе има извадено имотен лист со право на сопственост. Федерацијата од 2012 година до денес решение на проблемот барала на Управниот суд, во Основниот суд – Скопје 2, во Апелациониот суд, од државниот правобранител, но секаде ја изгубиле битката и не успеале да се изборат за сопственоста. Во 2013 година тужба против Федерацијата, „Пеони“ и приватникот кој го користи домот, поднела МПЦ. Судскиот процес во 2017 година резултирал со налог за извршување со кој им се наложува да го испразнат објектот и да го предадат на МПЦ. Федерацијата има бројни забелешки и сомневања за можни злоупотреби во целиот процес па затоа сопственоста ќе ја бара низ нова судска постапка, која е веќе иницирана.

Поделени мислења околу тоа кој треба да го добие домот имаат и сите кои имаат допирни точки со домот и со Матка. Територијално, тој припаѓа под управување на „Јасен“. Михаил Малахов, поранешен директор на „Јасен“, кој близу една деценија бил сведок на сите случувања, вели дека без двоумење домот треба да го добијат планинарите и спортистите, кои, според него, сега имаат најмалку пристап таму.

„Тој планинарски дом, според моите сознанија, е изграден како полициска станица. Полициската станица била во служба на заштита и обезбедување на хидроцентралата што е пуштена во употреба 1938 година. По исполнувањето на својата функција, односно по изградбата на повеќе објекти и викенд-населба таму околу Матка, полицијата се собира долу, а овој дом е оставен и од тогашниот Сојузен Совет на Република Македонија е даден на користење на спортисти, односно во тоа време Сојуз на планинари“, вели Малахов.

Сојузот на планинари одлучил за домот да се грижи спелеолошкото друштво „Пеони“, кое стопанисувало со него сè до моментот кога Федерацијата на планинарски спортови, каде што членува и друштвото, одлучила да се прошири дејноста и со хотелиерство. За тоа било неопходно да се реновира целиот објект. Иван Жежовски, претседател на „Пеони“, вели дека нивното друштво успеало со сопствени средства да го смени покривот, да вароса, да го одржува објектот, но немале пари да изградат бања во секоја соба па затоа Федерацијата го дала под наем на приватна форма која и денес стопанисува со него. Жежовски вели дека 500-те евра кои како наем ги добиваат од приватникот се единствениот извор на средства од кои се финансира друштвото. Ако ги немаат, нема да постојат. Тој сведочи дека црквата нема право на домот.

„ За планинарскиот дом ‘Матка’ нема некоја документација за сурово да се одлучи чиј е. Црквата нема цигла ставено во домот, можеби земјиштето го добиле на некаков начин, но немаат никаква инвестиција во него. За да се реши проблемот треба да има широчина од сите страни. Црквата треба да има предвид дека пред да се отвори домот, тука немаше луѓе. Го отворивме домот, ги донесовме луѓето. Претходно во Св. Андреја се влегуваше само со најава, сега црквата е отворена секој ден”, вели Жежовски.

Првпат како објект бил заведен во Катастар во 1961 година, но не како планинарски дом, како што се користел, туку како верски објект на вакафски имот на манастирот Св. Андреја

 

Скопскиот Катастар потврди дека документација за сопственоста  на домот е оскудна. Првпат како објект бил заведен во Катастар во 1961 година, но не како планинарски дом, како што се користел, туку како верски објект на вакафски имот на манастирот Св. Андреја. Потоа следувале низа измени со кои црквата од објект без право на сопственост го заведуваат како објект со право на сопственост на Св. Андреја во 2010 година, а потоа од сопствеништвото се брише Св. Андреја и планинарскиот дом се заведува како сопственост на МПЦ-ОА. Во бројните измени се менува и квадратурата на домот, се зголемува па се намалува, факти поради кои Федерацијата се сомнева во податоците и нагласува дека уште при првиот упис на домот во Катастар во 1961 година е направена грешка што се провлекува до денес.

 

Владика Тимотеј: Случајот со домот на Матка е исто како „Охридско лето“ да го присвои просторот кај Св. Софија оти со години го ползуваат

 

Гордана Јанакиевска, пак, туристичка работничка, половина век посветена на Матка и поранешен претседател на спелеолошкото друштво „Пеони“, смета дека црквата треба да го има главниот збор за сè што е на Матка.

„ Јас мислам дека целото подрачје треба да биде под заштита на црквата, но да остане на користење на планинарите бидејќи тоа е една мала Света Гора. Освен Свети Андреа, има уште десетина цркви, кои се во одлична состојба. Тука е и Марковиот град, целиот тој кањон е природна реткост од тропски периоди, навистина уникатен во европски рамки и заслужува да биде заштитен. Своевремено, кога е направен Свети Андреа во 14 век, било сопственост на црквата, и тоа сите многу добро го знаат“, вели Јанакиевска и нагласува дека на ѕидовите од црквата стои запишано од Андреја дека црквата, лозјата и сите имоти околу ги остава на црквата.

Натписот над вратата во црквата Св. Андреја каде Јанакиевска вели дека е запишано од Андреја дека црквата, лозјата и сите имоти околу ги остава на црквата

Нејзиниот став се поклопува со ставот на МПЦ. Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, Тимотеј, смета дека околу сопственоста воопшто не треба да се расправа.

„По логика на нештата беспредметно е да зборуваме за сопственост на имотот онаму каде што има манастир од 14 век. Сега се појавил некој што го користел извесен период и посегнува по сопственоста. Самата црква е показател на сопственоста. Тоа е исто како сега ‘Охридско лето’, затоа што го користи просторот кај Св. Софија во Охрид, да рече дека земјиштето е нивно само затоа што со години го ползуваат“, вели владиката Тимотеј, но посочува дека најупатени за целата проблематика се од Скопската епархија.

Од нив добивме само кус коментар дека секој момент очекуваат извршителите да влезат во домот и да го иселат закупецот.

Во меѓувреме на барање на Федерацијата истрага отвори и Управата за финансиска полиција. Од таму велат дека постапуваат по пријавата и ги прибираат потребните податоци за да утврдат дали и каде има отстапки од утврдените постапки.

Изолирано од судските постапки и пребивања меѓу МПЦ и Федерацијата, на Матка во објектот на некогашниот планинарски дом секојдневно гости пречекува ресторанот и хотел „Кањон Матка“. Планинарите можат да престојуваат во него, но не бесплатно туку по привилегирана цена со одобрение од Федерацијата. Вака поставените работи, според Малахов, може да покажат и добри резултати, но тој смета дека е неопходно Матка да почне да се почитува како споменик на културата, а законите точно припишуваат што може, а што не може да се прави во еден таков споменик.

Дека е неопходно Матка, па од тука и планинарскиот дом, да се стават во правна рамка, смета и Јанакиевска. Таа на претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, му предложи да формира јавно претпријатие што ќе стопанисува со Матка за да има некој што константно ќе се грижи и ќе го одржува кањонот, но сите обиди завршиле со молк од другата страна. Истиот план го изложила и кај сите други засегнати институции, но на сите им било комплицирано да почнат да го решаваат проблемот со Матка. Таа алармира дека сегашната негрижа за кањонот може да доведе до неповратно губење на ендемските видови.

„Рамонда Наталија“ е темјанушка од тропски период на која научниците буквално ѝ се поклонуваат кога ќе дојдат бидејќи ја знаат само како препарирана во учебници и од фотографии, вели Јанакиевска

 

„Во ресторанот се  посадени петунии, а на пет метра од нив е ‘Рамонда Наталија“, која ја има единствено тука и на ниту едно друго место, една темјанушка од тропски период на која научниците буквално ѝ се поклонуваат кога ќе дојдат бидејќи ја знаат само како препарирана во учебници и од фотографии, а тука ја гледаат во живо во огромни количини. Прашање на време е дали ќе се случи некоја мутација на нештата тука, и никому не му е грижа за тоа. Навистина е болно“, вели Јанакиевска.

Има забелешки и за начинот на кој сега се прават посети на пештерата Врело. Град Скопје во времето на Коце Трајановски дал одобрение на фирма која со чамци ги превезува посетителите и наплаќа за услугата.

„ Сега е во ничии раце. Со нив стопанисуваат оние што ги возат чамците и едноставно тие ја диктираат целата таа посета и можност да го посетите тоа бидејќи само со нив може да отидете таму. Кај нив е клучот и тие можат да ве однесат таму иако законски тоа може да го прави само спелеолошки водич. Ние имаме лиценцирани спелеолошки водичи, но тоа не се применува. Јас сум се обидела неколкупати да интервенирам со инспекција, но тоа не дало никакви резултати“, вели Јанакиевска.

Од Град Скопје, и по смената на власта го имаат истиот одговор во врска со проблемите на Матка. Чекаат ревалоризација од страна на Министерството за животна средина. По изработката на елаборатот точно ќе се определело од каков степен на заштита ќе биде целиот кањон и во чија надлежност ќе припадне заштитата на природата.

Маја Илиевска – Пачемска

Снимател: Тони Кузмановски

Монтажа: Бојан Ефремов 

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Daily news

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Објавено пред

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Прикажи повеќе...

Daily news

Летовите до Израел ќе поминуваат низ воздушниот простор на Саудиска Арабија

Објавено пред

Авион на „Ер Индија“ денеска леташе помеѓу Њу Делхи и Тел Авив во воздушниот простор на Саудиска Арабија, со што се стави крај на 70-годишната политика на Ријад.

Саудиска Арабија, која не го признава Израел, досега не дозволуваше меѓународни летови кон Израел во саудискиот воздушен простор, но промената на оваа политика може да биде знак на одмрзнување на односите меѓу Израел и кралството, со оглед на тоа што и двете земјите ја делат загриженоста за иранското влијание во регионот.

Во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека индиската авиокомпанија добила дозвола да прелета над Саудиска Арабија, но неговите зборови не беа првично потврдени ниту од Ријад ниту од седиштето на „Ер Индија“.

Новата воздушна линија заштедува околу два часа лет помеѓу Њу Делхи и Тел Авив, а авиокомпанијата планира да спроведува по неколку вакви летови неделно. Не е соопштено дали правото го добиле и други авиокомпании или тоа важи само за авиони на „Ер Индија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија3 часа

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија19 часа

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија19 часа

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија21 час

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија21 час

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија22 часа

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет1 ден

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет1 ден

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија2 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура2 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија2 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Македонија2 дена

Од Владата не коментираат за Република Илинденска Македонија

Република Илинденска Македонија неофицијално е последниот предлог за решение на спорот за името за кој вчера во Софија дискутирале премиерите...

Македонија2 дена

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ

Името Илинденска Македонија (што означува два историски настана од 1903 и 1945 година), според информациите што доаѓаат од страна на...

Македонија2 дена

Јанушев: Итна лидерска средба за името, Заев да каже кои се опциите што ги договорил со Ципрас

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изминатите денови неколкупати јавно побарале од премиерот Заев одржување лидерска средба во врска со името, но...

Македонија2 дена

Каракачанов: Едно од можните решенија е Илинденска Македонија

Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија кое било договорено вчера меѓу премиерите на Македонија и Грција. Слушнав...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите се под притисок, сите однапред ги знаат пресудите за „Тенк“ и „Поткуп“

Правосудството во Република Македонија е на колена, а судиите се во грч и работат под политички притисок. Споредбата како се...

Свет2 дена

Трамп нема да биде обвинет додека е претседател, тврди Џулијани

Специјалниот советник, кој ја води истрагата за наводна вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година, Роберт...

Регион2 дена

Хрватска го презеде претседавањето со Советот на Европа

Хрватска од денеска го презеде претседавањето со Советот на Европа, првпат откако стана негова членка пред 22 години. Хрватска го презема...

Досие