Daily news
(ВИДЕО) Прво аплауз за Груевски, потоа за почеток на манифестацијата во Филхармонија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по 30-минутното доцнење на отворањето на новата сала во филхармонијата беше пречекан со аплауз.
Со своето доцнење ја одложи и целата церемонија. Во холот на новата филхармонија беше пречекан од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, на која и честита за новиот објект.
Груевски кратко одговори дека купил билети за да влезе на настапот иако ниту тој ниту неговата сопруга не покажаа билети на влез во салата. Тој седна веднаш до претседателот на државата Ѓорге Иванов и премиерот во заминување Емил Димитриев.
Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
