Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Реал Мадрид пристигна во Скопје, доцни летот на Манчестер

Објавено пред

Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во Скопје и веќе се упатија кон хотелот „Александар палас“ каде што ги чекаат стотици фанови. Летот на фудбалскиот тим Манчестер јунајтед доцни.

Пред хотелот „ТЦЦ Плаза“, каде што ќе бидат сместени играчите на Манчестер, веќе е собрана поголема група навивачи, кои ги очекуваат своите омилени играчи.

Пред „ТЦЦ Плаза“ има стотина навивачи, силно полициско обезбедување и не е овозможен пристап до хотелот. Забрането е движење на стотина метри од хотелот.

Преполно е и пред скопскиот хотел „Александар палас“. Навивачи од буквално сите возрасти го чекаат пристигнувањето на фудалските ѕвезди на Реал Мадрид, а најголем интерес кај фановите на „кралскиот клуб“ предизвикува доаѓањето на еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, чие пристигнување беше неизвесно до последен момент. Сепак, тимот изутринава соопшти дека и неговото име е меѓу составот на тренерот Зинадин Зидан.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт2 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура7 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт6 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника10 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...

Спорт11 часа

Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот...

Црна хроника11 часа

Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила....