Контакт

Daily news

(Видео) Скопскиот адвадукт, како културно наследство, ќе се заштити и обнови

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска беше во посета на на Скопски Акведукт.  Тие најавија акција за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт и создавање на еден пријатен амбиент со повеќе придружни рекреативни и културни содржини.

„Како што гледате, просторот околу овој бесценет историски објект, кој во изминатите години беше претворен во дива депонија, оставен запустен без никаква грижа, сега е целосно исчистен. Оттука па натаму, продолжуваме со интензивна акција, која треба оваа локација да ја претвори во атрактивна дестинација за граѓаните на Скопје, на Македонија, но и за регионалните и светските туристи“, изјави Заев.

Министерот за култура, Робер Алаѓозовски вели дека по повеќегодишно институционално запоставување, во 2018 година се издвони 1.100.000 денари за изработка на Проект за конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт. „За оваа наша уникатна знаменитост, подготвени сме да вложиме и повеќе за да го спречиме нејзиното пропаѓање и да го заживееме овој прекрасен дел од градот. Први за конзервација се најзагрозените делови на аквадуктот, а понатамошната реконструкција ќе се одвива внимателно и стручно во неколку фази. Освен тоа, Министерството ќе ги поддржи програмски и културните содржини кои ќе ги реализираат Градот и општините на чија територија е локалитетот и контактните зони.Последни посериозни инвестиции во геотехничките и геофизички истражувања, сондирањата и анализата на материјалите на Аквадуктот се реализирани пред неколку години, претежно со меѓународни донации, додека нашите институции беа прилично пасивни и речиси го игнорираа овој атрактивен локалитет, кој наместо да го оствари својот културен, туристички, рекреативен, еколошки потенцијал, беше претворен во една голема депонија“, рече министерот.

И Град Скопје​ ќе се вклучи во акцијата за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт. „Нашата намера е повторно да го вратиме овој локалитет на туристичката мапа на главниот град. Во таа насока, ќе обезбедиме соодветна инфраструктура заедно со посебна сигнализација и информативни табли, зеленило, урбана опрема и придружна културна инфраструктура, како и се што е потребно за овој локалитет да стане достапен и привлечен за посета. Град Скопје на оваа локација има предвидено изградба на летна сцена од 600 до 1000 седишта, надвор од заштитното подрачје, изведена на начин што нема да смета на визурата на аквадуктот. Скопје наскоро, повторно ќе биде град со којшто сите ќе се гордееме“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Во насока на подобрување на пристапноста на аквадуктот, градоначалникот Шилегов кажа дека Градот Скопје работи на проектирање на ролерско-велосипедска патека на Кејот на реката Вардар од кајакарскиот клуб во Градскиот Парк, покрај реката Серава, низ Момин Поток, покрај касарната „Илинден“  до самиот аквадукт.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Финска на чекор до воведување на трет пол

Финска се движи кон законско регулирање на третиот пол, односно законско признавање дека постојат небинарни и интерсексуални луѓе кои не...

Свет49 минути

Првата хуманитарна помош од почетокот на војната пристигна во Иран

Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес...

Свет1 час

(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика

Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор...

Свет2 часа

Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк...

Македонија2 часа

СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца

Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението...

Свет3 часа

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда...

Свет3 часа

Американска војска: Ниту еден брод не ја проби нашата блокада во Ормутскиот теснец

Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не...

Свет3 часа

Шефот на Мосад: Опериравме во срцето на Техеран, но мисијата продолжува

Израелската разузнавачка агенција Мосад работеше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот...

Македонија3 часа

Утре претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...