Контакт

Daily news

ВИП со поддршка на Светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE

Објавено пред

 

Со големо задоволство ВИП ja најавува поддршката на Светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE, кој ќе се одржи од 28 до 30 април во Скопје.

 

Станува збор за најмасовниот интернационален хакатон во светот, настан на којшто компјутерски програмери соработуваат интензивно на софтверски проекти.

 

Настанот во организација на вселенската агенција NASA, чија главна задача е истражување на вселената на светско ниво, се случува истовремено на 6 континенти, во 170 градови со над 15.000 учесници.

 

„Како компанија која е секогаш во тек со најголемите технолошки случувања во светот, ни претставува огромна чест што сме дел од овој светски натпревар. Поддржувањето на настани што се од големо значење за заедницата а кои вклучуваат можност за напредок на талентирани млади луѓе е една од нашите заложби затоа што сме дел од ова општество и наша обврска и посветеност се да помогнеме тие да ги остварат своите идеи. Ние како компанија сакаме да ги охрабриме младите луѓе да тргнат на ова патување, на коешто ние ќе им бидеме верен и доверлив пријател, подготвен да овозможи реализација на нивните идеи преку нашите системи за поврзување и напредни технолошки платформи”, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на Вип.

 

За наградата од Македонија ќе се натпреваруваат 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заеднички ќе работат на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и вселената.  Победникот ќе патува во Кенеди спејс центарот на NASA и ќе има можност во живо да го следи полетувањето на вселенско летало, како и да го презентира своето решение пред претставници на NASA“ се вели во информацијата на компанијата.крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт7 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....