Контакт

Daily news

„Вистината за ДУИ“: Наводна злоупотреба на паркинзи, долгови и нерегуларни тендери во Гостивар

Објавено пред

Во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“ претставниците на Јавното претпријатие „Јавни паркиралишта и зеленило“ – Гостивар денеска на прес-конференција обелоденија повеќе наводни злоупотреби направени од страна на претходното раководство на претпријатието.

Од  ЈПЗ соопштија дека наследиле долгови во износ од 85.000 евра, кои биле создадени поради непродуктивни трошоци и некапитални инвестиции, но само за фирмите што добиле тендери. Неплатен бил и персоналниот данок на плати од јануари до септември 2017 во износ од 501.485.00 денари, иако, како што потенцираат, имало доволно средства за исплата на данокот.

Од претпријатието посочија и дека претпријатието било оштетено за околу 1.000.000 денари, откако бил објавен тендер за одржување на јавните зелени површини и хортикултурно уредување што го добила приватна фирма во износ од 1.638.152 денари.

На прес-конференцијата беше соопштена и наводна злоупотреба во паркинзите од затворен тип во Гостивар, каде што новото раководство обвини дека се работело со билети на рака и без фискална сметка.

„Само за споредба, месечните приходи од овие паркинзи биле просечно 15.000.00 денари, но сега сè е фискализирано и од почетокот на работата на новото раководство, реалните приходи од паркингот од втората половина на месецот се 33.000.00 денари, а за декември изнесуваат 100.000.00 денари, што укажува дека приходите имаат раст до 660  проценти“, посочи претпријатието.

Тие побараа од поранешниот директор да даде објаснување зошто приходите биле толку ниски додека реалниот капацитет на овие паркинзи е сосема поинаков.

Кампањата „Вистината за ДУИ“ ја почна градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Во рамки на кампањата во континуитет се одржуваат прес-конференции на кои се обелоденуваат наводни злоупотреби извршени од страна на поранешното раководство на Општина Гостивар, а кои ги констатирала внатрешната ревизија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според...

Македонија1 час

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено...

Македонија2 часа

Арсовска: Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка...

Македонија2 часа

(Видео) Петровска: И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта

СДСМ објави дека и сопругот на кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има бугарска лична карта....

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, рече Митева

Парламентарната опозиција во македонското собрание согласно бројот на освоени гласови на претстојните локални избори има апсолутно мнозинство во Советот на...

Македонија2 часа

Судење за „Плацови на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацовите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочуваше како биле купувани плацовите, но и становите на...

Забава4 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија4 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет6 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион6 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа6 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет17 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија22 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет1 ден

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Досие