Daily news
Витамините од Б-групата го намалуваат штетното дејство од загадениот воздух
Се проценува дека на годишно ниво загаденоста на воздухот е одговорна за 3,7 милиони случаи на предвремена смрт во светот.
Меѓутоа, неодамнешната студија на американските истражувачи покажа дека со консумирање на витаминот Б-комплекс се намалуваат здравствените тегоби што ги предизвикува загадувањето на воздухот.
Резултатите покажале дека овие витамини ги намалуваат негативните ефекти од загадувањето врз срцевиот ритам, како и уништувањето на белите крвни зрнца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
