Daily news
Владата и Асоцијацијата на такси превозниците бараат начин да ги подобрат условите за работа на таксистите
Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно so министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска се сретнаа со претставници на Асоцијацијата на такси превозници.
Претставниците на асоцијацијата, во името на 53 такси компании ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во својата работа и побараа измени во постоечката законска регулатива и нејзино прилагодување на реалните состојби во такси превозот.
Според соопштението од Владата, Премиерот покажал разбирање за нивната иницијатива и изразил добра волја и подготвеност за соработка. Предложил и насоки како да се излезе во пресрет на изнаоѓање разумно решение за решавање на проблемите на такси превозниците и да се подобрат условите за работа на такси компаниите.
„Претседателот на Владата ги повика и претставниците на асоцијацијата да земат активно учество преку постојана и интензивна комуникација за да придонесат со свои предлози во изработка на ефикасно и заедничко прифатливо решение.
Претставниците на Асоцијацијата на такси превозници во оваа прилика посебно ја истакнаа одличната соработка која што во континуитет ја имаат со министерството за внатрешни работи“ – се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
