Контакт

Daily news

Владиката Тимотеј контра Агатангел: Не е работа на МПЦ да го решава спорот за името

Објавено пред

По објавата на ставот на владиката Агатангел од страна на некои од медиумите, каде што тој ги коментира политичките случувања и ја обвинува власта дека има нечесни намери наведувајќи дека таа ќе заврши, како што вели, на ѓубриштето на историјата ако го промени името на Македонија, тој ниту демантира ниту потврдува дека изјавил такво нешто. Во статијата што е објавена владиката повикува на отрезнување и вразумување на оние што без срам преговарале за името на земјата.

„Сериозно ли ме прашувате ова? Ајде ви се молам, пријатно“, рече владиката во кус телефонски разговор.

Иако тој ги демантира написите, постои и видеоизјава, во која митрополитот г. Агатангел повикува Македонците да застанат на браникот на одбраната на татковината, на името, јазикот и на Црквата.

„Можете ли да замислите, Бугарите сега од нас бараат да ја менуваме историјата. Страшно. Ние сме си Македонци, тие се Бугари. Ние имаме наша историја и нашите деца треба да ја научат. Оние што мислат да ги дадат името и јазикот, нивните домови ќе останати опустошени. Јас се прашувам дали знаат што ќе стане со нивните деца? Тие ќе излезат на улица, а другите деца ќе му речат – татко ти ја продаде државата. Затоа, го молам народот да застане цврсто на браникот. Политичарите се менливи. И вие новинарите, чувајте ја и бранете ја“, вели владиката Агатангел во изјава.

Потпаролот на МПЦ-ОА, Тимотеј, за „Макфакс“ вели дека секој има право на свое мислење, а ако владиката Агатангел навистина го изјавил ова, тој потенцира дека тоа не е став на Синодот, ниту на Црквата.

„Не го видов, не знам за што станува збор. На Црквата не ѝ е работа да се занимава со востанија. Таа треба да се грижи за духовниот живот на верниците, а не да се занимава со дневнополитички прашања и партиски престрелки“, вели Тимотеј за „Макфакс“.

Владиката Тимотеј вели дека не е работа на црквата да го решава спорот за името меѓу Грција и Македонија.

„Во однос на името, сигурно дека ниту еден Македонец не сака да му се менува името, но тоа не е наша работа. Ако тоа не задира во идентитетот и јазикот, тоа е оценка за оние што се платени за тоа. Впрочем, сите ќе може да се изјаснат бидејќи тоа прашање ќе оди на референдум. Наше е да шириме мир, љубов и разбирање меѓу луѓето, а не да работиме на нивно разидување“, додава владиката Тимотеј.

Коментирајќи за протестите во Атина поврзани со спорот за името на Македонија и поддршката што демонстрантите ја имаа од Грчката православна црква, тој, исто како и владиката Петар, ги осуди грчките свештени лица.

„За поддршката што ГПЦ ја даде за протестите поврзани со спорот што Грција го има со Македонија, навистина е срамота што носат мантија, срамота е што се нарекуваат монаси. Ги оставиле мантиите и се занимаваат со ирационални работи, го промашиле својот живот. Треба да се борат за она на што се посветени, а нивната борба не е на верата и црквата“, вели Тимотеј.

К. Ландов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот...

Спорт2 часа

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински...

Свет3 часа

Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара...

Култура3 часа

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на...

Свет4 часа

Чешкиот премиер и претседателот во конфликт за тоа кој ќе патува на самитот на НАТО

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел влегоа во отворен конфликт околу прашањето кој ќе ја претставува државата на...

Спорт4 часа

Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се...

Спорт4 часа

Шок: Алкараз нема да игра и на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон. Алкараз имаше одличен почеток на сезоната, го...

Забава5 часа

Северина: Во друг живот ќе бидам Хајди во кломпи

Во интервју за „Ин Магазин“, Северина искрено зборуваше за мајчинството, животните предизвици и борбата за женски и човекови права. Таа...