Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Континуирано создаваме и придонесуваме во интерес на сите граѓани

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ континуирано создава и придонесува во интерес на сите граѓани, додека СДС продолжува да се занимава со интриги, шпекулации и деструкција, велат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период работи на реализација на низа капитални инвестици и проекти, а СДС единствено што смисли и најави е блокада на отпочнатите проекти“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години голем акцент стави на здравството и здравствената заштита на граѓаните, инвестирајќи во нови медицински објекти, апарати и обучување на кадарот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ по иницијатива на Претседателот Никола Груевски го изгради ПЕТ центарот – центар за рана дијагностика и лекување на малигни заболувања кој од вчера официјално почна со работа со пациенти, ова инвестиција е вредна 16 милиони евра и претставува единствен таков објект на потегот помеѓу Виена и Атина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради голем број на нови објекти за потребите на јавните и државните институции и со тоа спречи милионски одливи од државната каса на име закупнина за објекти и деловен простор. Деновиве привршува изградбата на новата зграда на АД ЕЛЕМ, каде ќе бидат сместени дополнителни шест регулаторни тела на простор од 10.000 м2, со 8 надземни и 3 подземни ката, со што овие институции ќе добијат нормални услови за функционирање и работа“, додаваат од партијата.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за доброто на сите граѓани на Република Македонија, СДС продолжува со своите интриги и манипулации кон граѓаните. Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од Тиранската Платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните знаат што е подобро за нив и за нивната иднина, затоа и ВМРО-ДПМНЕ победи на последните избори, а СДС по 11-ти пат загуби. Граѓаните не сакаат лаги и манипулации. СДС наместо да се служи со измами, во најбрз можен рок да овозможи редовни локални и предвремени парламентарни избори, на кои ќе го слушнат гласот на граѓаните и нивниот одговор за целата деструкција која во изминатиов период ја посеаја во Република Македонија“, порачуваат од партијата./крај/мф

Најново

Регион7 минути

(Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик

Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под...

Забава7 минути

(Фото/Видео) Девојката на Јаник Синер „жари и пали“ во Венеција, а од него нема ниту трага, ниту глас

Венецискиот филмски фестивал собра многу лица надвор од филмската индустрија. Вистинско изненадување беше моделот Лаила Хасановиќ. @lailahasanovic arrived for the...

Македонија12 минути

(Видео) Каранфилова – Пановска: Нема откуп, лозарите мака мачат, со кој образ Мицкоски е на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци?

Лозарите во Тиквешијата се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето и ниските откупни цени, а Владата на ВМРО-ОКГ...

Свет21 минута

(Видео) Ураган од категорија 5 се движи кон Хаваи – жителите очекуваат поплави

Жителите на Хаваи се соочуваат со сериозна закана бидејќи ураганот Лоуел се засили до бура од категорија 5 и се...

Забава27 минути

(Фото/Видео) Таа беше и останува дива

Џина Дејвис се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги остави сите без зборови. Нејзиниот препознатлив шарм не избледе...

Спорт34 минути

(Видео) Атлетико настрада во Баскија

Атлетико Мадрид, кај имењакот од Баскија, Атлетик Билбао го доживеа првиот пораз во сезоната. Баските славеа убедливо со 3:0. Четата...

Спорт41 минута

(Видео) Елверсберг во Менхенгладбах од 3:1 до 3:4

Фудбалерите на Елверсберг продолжија да ја пишуваат најдобрата приказна на почетокот од новата сезона во Бундеслигата. Со спектакуларен пресврт ја...

Спорт52 минути

(Видео) Халанд погоди за триумф на Сити, Палас по пресврт го победи Фулам, Тотенхем и во третиот меч не постигна гол

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1:0 во 3. коло од Премиер лигата. Домашниот тим поведе во 26....

Забава1 час

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...