Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ реагира на кадровските смени во енергетиката

Објавено пред

ВМРО – ДПМНЕ денеска на прес-конференција реагираше на информацијата дека за нов директор на ЕЛЕМ би можел да биде поставен Александар Обрадовиќ.

„Последните информации што ги објавија медиумите за намерата на Заев да го именува српскиот граѓанин за директор на ЕЛЕМ, а ЕЛЕМ, како што знаете, е најголемата државна фирма која вработува 4800 лица и која учествува со 98% во домашното производство на струја, е само уште еден показател за нивното неодговорно владеење. Проблемот со Обрадовиќ е тоа што се поврзува со матни зделки и недомаќинско работење“, изјави денеска на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Обрадовиќ бил сменет токму поради тоа од позицијата директор на Електропривреда на Србија. „Сега Зоран Заев посакува да го именува како директор во ЕЛЕМ. Тој дури и ја почнал постапка да му додели државјанство, а целата јавност го поставува прашањето зошто е избран токму тој и со што тој ќе придонесе за Република Македонија. Се поставуваат голем број дилеми. Дали се работи за човек кој ќе има задача да спроведе уште еден бомбона бизнис и да почне постапка за приватизација на една капитална компанија како ЕЛЕМ?“, изјави Ѓорѓиевски. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ваквата кадровска политика на Заев во енергетиката нема за цел да го унапреди овој сектор туку има за цел да го доведе во ситуација од која потоа единствен излез ќе биде приватизацијата.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Попладнево има развој на нестабилна облачност која започна најпрво во крајните северозападни и делови од источните предели во земјата, како...

Свет14 минути

Руски воен брод пукаше кон јахта во Ламанш

Моранри од руски воен брод испукале предупредувачки истрел кон јахта што им се приближила во Ламанш, дознава британската новинска агенција...

Македонија45 минути

Муцунски во Лондон на средба со шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државната секретарка за надворешни работи,...

Свет49 минути

Руски дрон се урна врз цивили во Никопол, три лица загинаа

Руските сили извршија напад врз цивили кои одеа по патот во Никопол, при што загинаа три лица, објавува „Украинска правда“....

Регион52 минути

Бутан ја призна Хрватска

Кралството Бутан формално ја призна Хрватска, што ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји посветени на стабилност, мир и одржлив...

Спорт1 час

Вардар против КУПС во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Вардар го доби противникот во првото коло во Лигата на шампионите. Црвено-црните пласман во втората рунда ќе бркаат...

Регион1 час

Претседателот на Црна Гора: Наша амбиција е да се приклучиме кон ЕУ во 2028 година

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, каде што го повтори амбициозниот план...

Економија2 часа

Божиновска: Со поддршка од Светска банка започнува подготовката на новата когенеративна централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ...

Соопштенија2 часа

Потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка...